29 Март, 2024
0.0265

РОКОТ ЗА ВЛАДА ГИ БРОИ ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ: Уште не се знае што ќе се случи!

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Мандатарот за состав на новата Влада, екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски треба до полноќ да соопшти дали обезбедил парламентарно мнозинство за формирање на владин кабинет.

Во моментов сите очи се вперени во седиштето на ДУИ откаде се очекува одлуката на ДУИ од која ќе се знае дали Груевски ќе може да формира Влада или сепак тоа ќе пропадне во вода.

Засега сеуште сите опции се отворени-од тоа новата влада да ја формираат старите партнер ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, па се до можни нови избори, кои би биле одржани заедно со локалните во април оваа година.

Сите разговори на евентуалните коалициони партнери се одвиваат далеку од очите на јавноста зад затворени врати.

И додека дел од ДУИ е за почитување на мајскиот договор да се влезе во коалиција со победникот на парламентарните избори, дел од таа албанска партија не сака коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Доколку, меѓутоа Груевски до утре не ги соопшти резултатите од разговорите за евентуална коалиција, мандатот за состав на нова влада, би требало, според Уставот да го добие втората партија по големина, или опозициската СДСМ.

ВМРО на изборите освои 51 пратенички мандат, а СДСМ 49.

ДУИ и понатаму е највлијателна албанска партија, но на декемвриските избори освои значајно помалку мандати во однос на претходните избори-само 10.

Било како било, Европската унија очекува брзо формирање на влада, а според толкувањата на еврокомесарот Јоханес Хан најдобро би било формирање на „широка коалиција“.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор