25 Април, 2024
0.0278

Романците контра Британците: Пивото ни е поевтино, а жените посекси!

Објавено во: Стил 31 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

„Дојдете во Романија – пивото е поевтино, жените ни се посекси и никогаш не сме го фотографирале Хари гол“. Тоа се дел од аргументите кои шеговито романскиот весник Гандул возвраќа на гласините за британска агитациска кампања со цел да се разубедат потенцијалните имигранти од Бугарија и Романија.

„Половина од жените ни изгледаат како Кејт, Другата половина како – сестра и“, се вели во шеговитите реклами на весникот кои се дел од кампањата „Може да не ја сакаме Велика Британија, но Вие ќе ја засакате Романија“.

„Зборуваме подобро англиски од каде и да е во Франција, Точено пиво е поевтино отколку вашата флаширана вода“, се обраќа весникот кон Британците.

Во британски медиуми во последно време се појавија информации дека се прават планови за рекламна кампања со која Романците и Бугарите треба да се разубедат да доаѓаат во Велика Британија. Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон изрази загриженост од бројот на имигрантите, кои можат следната година да пристигнат во Велика Британија, повикувајќи ја Владата да преземе мерки за нивно ограничување. Тој се вклучи во жестоките дебати за имиграцијата, предупредувајќи дека во Лондон може да има сериозни проблеми откако во декември ќе бидат укинати ограничувањата за работа за романски и бугарски државјани.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти