19 Април, 2024
0.0287

Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорот на Италијанската Република

Ромео: Владата на Република Македонија е посветена на обврските од Берлинскиот процес

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република Н.Е. г. Карло Ромео.

Средбата се реaлизираше во пресрет на Самитот за Западен Балкан во Трст,што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес, за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија.

Амбасадорот Ромео, како претставник на земјата домаќин на овогодинешниот Самит за Западен Балкан, ги презентираше приоритетите на италијанското претседавање со Самитот, како и деталната агенда за време на Самитот. Тој го поздрави формирањето на Владата и изрази надеж дека процесите за интеграција на Република Македонија, како и на целиот регион во Европската Унија, ќе се одвиваат со побрза динамика, како и дека Република Италија како актуелен претседавач со процесот ќе помогне за интензивирање на активностите.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата e посветена на сите процеси во врска со итните реформски приоритети, како и со обврските кои произлегуваат од таканаречениот Берлински процес.

„Владата ќе работи на реформи во енергетскиот сектор, ќе работиме на создавање на поволна бизнис клима, за домашни и странски инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигнеме со инвестиции во инфраструктурата, како на патната, така и на железничката инфраструктура“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев за време на средбата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите