29 Март, 2024
0.0230

Роналдо станува најскап фудбалер на светот

Објавено во: Стил 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Реал Мадрид и Кристијано Роналдо ги договорија деталите за идната соработка според кои Португалецот го доби тоа што го бараше, со 18 милиони евра по сезона ќе стане најплатениот фудбалер во светот, објавија денеска шпанските медиуми.

Се очекува претседателот на „Кралскиот клуб“ Флорентино Перез пред одржувањето на Годишното собрание на клубот закажано за 22 септември, да го објави договорот за продолжување на соработката со Роналдо.

Ова е епилогот на двегодишните преговори меѓу португалскиот интернационалец и Реал Мадрид.

Роналдо по неколкуте изјави, како не е среќен во Мадрид и дека не е задоволен од поддршката и статусот во клубот, конечно ќе може целосно да се посвети само на играта во следниве пет години колку што ќе биде важечки новиот договор.

Во мометнов најплатен светски играч е клупскиот колега на Роналдо, велшкиот репрезентативец Герет Бејл кој летово за 100 милиони евра од Тотенхем прејде во Реал Мадрид.