25 Април, 2024
0.0268

Ротари Клуб Скопје Камен Мост донира прочистувачи за воздух во градинките на територијата на општина Центар

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамките на проектот на Ротари Клуб Скопје Камен Мост за намалување на изложеноста на децата на загаден воздух и отровните честички што истиот ги содржи, донирани се 12 уреди за прочистување на воздухот во просториите на градинката “13 Ноември“ – Скопје.

Патрониот празник на градинката и денот на град Скопје, симболично се избрани за почеток на иницијативата за справување со загадениот воздух и овозможување на прочистен воздух во просториите каде нашите најмали ги поминуваат своите детски денови.


Загаденоста на воздухот со "PM" честичи претставува сериозна закана за сите кои што се изложени на него, а најопасен е за децата на кои респираторните органи им се се уште во развој. Наша цел е подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат дечињата за време на нивниот престој во градинката. Планот е оваа иницијатива да продолжи и во останатите градинки во општината, за што е веќе спремна и следната донација, а потенцијално со помош на општините и градот Скопје, и на територија на целиот главен град.“ – изјави Иван Новаковски, претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост.

Според последните статистики, Скопје е на трето место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух во Европа ( податоци од Светска Здравствена Организација, www.who.int).


Во периоди со висок степен на загаденост на воздухот во Скопје, луѓето, а особено децата, треба да престојуваат во затворени простории во кои воздухот ќе биде прочистен со помош на ефикасни уреди за прочистување на истиот.

Покрај преземањето на разни мерки за справување со овој проблем, најважно е да се едуцираат децата уште од најмала возраст за проблематиката со загаденоста на воздухот во нашата држава, и како можеме сите ние индивидуално и групно да придонесеме.



Проектот е реализиран од Ротари Клубот Скопје – Камен Мост, во соработка со произведувачот на прочистувачите за воздух, ВАУРОН.

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет