20 Април, 2024
0.0265

ФАКТОР МАГАЗИН: Невозможни се реформи во здравство се додека има партиско назначување на директори

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Професорoт Рубинчо Заревски во Фактор магазин изјави дека во Македонија четири години, а можеби и повеќе постои паралелен увоз на лекови. 

Според него, целта била да се намали цената на лековите, но таа цел не е постигната. 

„Целта не е постигната затоа што наспроти фактот што големите претстаништва на лекови во Македонија ги затворија своите операции, затоа што стана неисплативо, и наспроти фактот што најголем дел од лековите се увезуваа од Турција, бројот на препишани лекови во Македонија во последните 10 години се дуплираше. Не дека народот стана поболен, и поголеми се заболувањата, туку квалитетот на тие лекови не е оној што се плаќа. Добро ќе беше ако паралелниот увоз се дозволеше, меѓутоа да беше строго контролиран, но тоа не се случи“ - рече Заревски. 

Според него отсега мора да се внимава на квалитетот. 

Д-р Маја Парнаџиева Змејкова, поранешен директор на ФЗОМ вели дека квалитетот мора да се проверува и одржува. 

„Исто така институцијата е задолжена да прима било какви пријави, дали од доктори, дали од корисници, односно од пациенти, да ги пријави, анализира, и постапува по било какви несакани ефекти кои можат да произлезат од било кој лек. И во тој контекст мислам дека е потребно инстутуцијата надлежна за тоа да каже какви чекори преземала во овој период и дали се детектирани или не проблеми“ - рече Парнаџиева Змејкова. 

Таа вели дека квалитет и финансии се клуч за успех за да  еден здравствен систем  функционира нормално. 


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам