Румен Радев е петтиот претседател на Бугарија
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2016
Генералот Румен Радев е новиот претседател на Бугарија.
Новиот потпретседател е Илија Јотов. Ова го покажуваат првичните резултати.
Независната двојка Радев-Јотов, поддржана од БСП, води со 58,1%, пред кандидатот на ГЕРБ Цецка Цачева, која има 35% од гласовите.
„Не поддржувам никого" заокружиле 6,6% од гласачите.
Во првиот круг разликата меѓу двајцата кандидати беше под 4% или околу 130 000 гласа.
41.93% беше излезноста до 17 часот. Тоа се 2 867 047 лица во целата земја. Највисока излезност од 49.82% има во Софија и Перник. Најниска е излезноста во Крџали - 27.13%. Во првиот круг излегоа 45,11% од граѓаните со право на глас.