Русија е подготвена да соработува со САД за Сирија
Објавено во: Свет 29 Април, 2017
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека земјата е целосно подготвена да соработува со Вашингтон за Сирија и се потпира на сличен пристап од американска страна, пренесе ТАСС.
„Не еднаш сме слушале дека принципиелно значење за ефикасна акција на светското општество по решавањето на сирискиот конфликт има интеракцијата помеѓу Русија и САД“, изјавил Лавров.
„Смеам да ве уверам дека ние сме подготвени за тоа. Сметаме дека сличен пристап ќе биде даден и од Вашингтон“ додал тој.
Министерот истакнал дека за неутрализацијата на терористичката закана „е важно да се обедините со сите оние кои се борат против тероризмот во Сирија“.
„Ја имам предвид и руската авијација, и коалицијата предводена од САД“, прецизирал тој.
Во исто време, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов изразил надеж дека делегацијата на вооружената опозиција во Сирија ќе пристигне на самитот во Астана, макар иако нејзиниот состав не е сеуште формиран.
„Сметаме дека тие ќе пристигнат и се надеваме дека нашите турски партнери ќе бидат гаранти, бидејќи Астана токму за тоа постои, за да се дискутираат во неа сите прашања и максимално ефикасно да се содејствува што се однесува до примирјето во Сирија„, изјавил Богданов.