Русија го затвара клириншкиот долг кон Црна Гора
Објавено во: Балкан, Економија 09 Октомври, 2012
Црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчера од Русија во Подгорица пристигнале два камиони за чистење снег, а третиот бил на пат.
Останатите десет камиони минуваат низ царински процедури и се очекува во следните денови да пристигнат во Подгорица, каде ќе му бидат предадени на Министерството за внатрешни работи. Со овие доставки ќе заврши исплаќањето на долгот на Руската Федерација кон Црна Гора во рамки на меѓувладината спогодба за уредување на задолженијата на поранешниот Советски сојуз кон поранешна Југославија во износ од 18,6 милиони еврa.