28 Март, 2024
0.0271

Русија и Израел со помош за поплавените скопјани

Русија и Израел донираа хуманитарна помош за поплавените семејства во скопско.

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Овие две држави се во низата пријателски земји кои понудија помош за Македонија. 

Помошта од Русија е наменета за справување со последиците од поплавата  и за засилување на капацитетите на службите за кризно реагирање. Таа  ќе биде донирана денеска во Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија.

Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан и израелски експерти денеска и утре во Скопје ќе спроведат акции за помош на Македонија во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје на 6 август. 

Оријан денеска ќе предаде донација со градежни материјали на претставници на месната заедница на Стајковци. Потоа со израелските експерти ќе направат увид на најоштетените локации. Ќе биде организиран и состанок за превенција на идни штети од поплави во урбаните средини преку имплементација на израелската експертиза. Ќе се реализира и тренинг семинар за 70 претставници на комуналните претпријатија од цела Македонија на тема „Израелските искуства во секторот на води и менаџмент со водните инфраструктури“.

За поплавените граѓани во скопско досега донираа соседите, но и многу други пријателски земји. 





Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?