Русија ја крена рампата за турското овошје, колкави се загубите од блокадата?
Објавено во: Економија 03 Декември, 2016
Се тврди дека загубите за турскиот пазар од економското ембарго на Русија изнесуваат вкупно околу 13 милијарди долари
На производителите на агруми во Турција им олесна. Рускиот претседател, Владимир Путин го исполни дадениот збор и ја отстрани блокадата, која беше наменета за увозот во Русија на цитрусни овошје и зеленчук од Турција.
Економската блокада која Путин ја наложи точно пред една година, поради соборен руски авион, буквално блокира и донесе огромни загуби на турските производители, бидејќи пред тоа Русија беше главен купувач.
Минатата година се извезени над 75 тони лимони, од кои е реализирана добивка од 113.850.000 турски лири. Од портокалите се извезени 1306 тони, а профитот бил 1.306.000 лири.
Од мандарини од 910 тони имале добивка од 910.000 турски лири.