Русија ќе го спасува Кипар од банкрот?
Објавено во: Свет 15 Март, 2013
Кипар ќе побара од Русија продолжување на рокот на веќе постоечкиот кредит, но не е исклучена можност и за втора позајмицa, јавија тамошните медиуми.
Висок претставник на кипарското Министертсво за финансии, кој сакал да остане анонимен, за агенцијата ДПА изјавил дека Москва веројатно ќе го продолжи рокот за враќање на кредитот од 2,5 милијарди евра доделен на Кипар кон крајот на 2011 година, откако беше блокиран пристапот на земјата до меѓународните финансиски пазари.
ДПА пренесува и дека Русија би можела да даде нов заем за Кипар. Меѓу другото, ќе бидат побарани и потенцијални купувачи на двете главни банки во Кипар, кои беа сериозно погодени од отпишувањето на грчкиот долг.