Русија ќе отвора „специјални“ индустриски зони ширум светот
Објавено во: Економија 26 Март, 2017
Рускиот министер за индустрија Денис Мантуров посочи дека се подготвени да отворат специјални индустриски зони во било која земја во светот која е подготвена на соработка, секако доколку пилот проектот кој засега е планиран да започне во Египет се покаже како успешен.
„Сакаме да ги согледаме сите можни применливи сценарија, не само за Египет туку и за било која друга земја“, посочи Мантуров.
Договорот треба да биде постигнат за време на економскиот самит кој ќе се одржи во Санкт Петерсбург и на руските компании во Египет треба да им овозможи олеснет даночен режим во различни сектори од фармација до модерни технологии.