29 Март, 2024
0.0261

Русија негодува поради Јужен поток

Објавено во: Свет 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Пометувањето на датумот за почеток на изградбата на гасоводот предизвика негодување кај руските партнери. Ќе доцни и повеќе од година дена, пишува српски Новости. Додека се чека почетокот на изградбата на „Јужен поток“ во Србија, од руска страна стигнуваат информации дека Србија не ги исполнува сите обврски кога е во прашање најскапиот европски проект. Ова минатата недела го изјави државниот советник на Руската федерација Модест Колеров, кој објасни дека Србија не се однесува по клучниот договор склучен помеѓу поранешното раководство на земјата и Владимир Путин. Сепак, Душан Бајатовиќ, првиот човек на „Србијагас“ ги негира овие напади и вели дека се тече по планот. „Не е точно дека не ги исполнуваме одредбите во врска со Јужен поток“, одговара Бајатовиќ. „Сите договори и други обврски се почитуваат. Тоа е констатирано и во разговорите со државниот врв, за време на посетата на предсетаделот на Управниот одбор на Газпром, Алексеј Милер и тоа пред само неколку дена во Србија“, додава Бајатовиќ. Всушност доаѓањето на руска делегација во неделата зад нас, донесе и нов рок за старт на изградбата на првата компресорска станица во нашата земја. Почетокот на работите на „Јужен поток“ во Србија првично беше зацртан за декември лани. Датумот беше поместен за јануари, март, а потоа и за последниот квартал од оваа година. Претседателот на УО на Газпром, Милер, дополнително го помести датумот за ставање камен темелник на “Јужен поток“ за во 2014 година. -Проектот Јужен поток се одвива според планираните рокови и почетокот на градежните активности е предвиден за декември 2013 – јануари 2014 година“, истакна Милер, за време на посетата во Србија во средата во разговор со претседателот на Србија, Томислав Николиќ. -Гас од Јужен поток ќе дојде до Бугарија во декември 2015 година, а испораката на овој енергенс од Србија ќе почне од 2016 година“, потенцираше Милер. Од буџетот на Србија за „Јужен поток“ ќе бидат обезбедени 75 милиони евра, од вкупно 1,7 милијарди евра, колку што чини делот кој поминува Србија. Од парите, државата еден дел ќе поторши за експропријација, а друг дел за градежни активности. Остатокот од парите ќе се обезбеди од кредити. Најголемиот енергетски проект на стариот контитнет како што е предвидено ќе има четири линии со капацитет од по 15,57 милијарди кубни метри годишно. Магистралниот гасовод низ Србија ќе се простира на должина од околу 415 километри.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?