Добивај вести на Viber
Руските власти нема да преземат акции ако руски граѓани губат пари кои ги чуваат во кипарски банки. Тоа го изјави синоќа првиот вицепремиер Игор Шувалов.
– Ќе биде многу тешко ако некој биде погоден и загуби пари, но руската Влада нема да направи ништо во таква ситуација, изјави тој.
Шувалов додаде дека Руси држат во Кипар „разни пари-за кои се платени даноци и пари за кои не се платени даноци“.