25 Април, 2024
0.0313

РУСИТЕ ГО МЕНУВААТ ПЛАНОТ: Од каде милиони за Турски тек?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Водечкиот руски произведувач на гас Гаспром може да ги зголеми средствата за финансирање на проектот за изградба на гасоводот Турски тек за 863 милиони долари во 2017 година.

„Измените во инвестиционата програма за 2017 година, кои ќе ги разгледа Бородот на директори подразбираат зголемување во вложувањата за реализација на проектот Турски тек за околу 50 милијарди рубљи“, рекол извор од информативната служба на Гаспром за агенцијата Тас.

Гаспром претходно планирал инвестициите во тој проект во 2017 година да бидат на ниво од 41,92 милијарди рубљи (694,21 милион долари).

Управата на Гаспром на 14 септември одобрила ревидирани нацрти од инвестициониот програм, буџет (финансиски план) и програма за оптимизација на трошоци за 2017 година.

Во согласност со ревидираниот нацрт на инвестициона програма за оваа година, износот на вкупни вложувања на Гаспром во оваа година ќе изнесуваат 1,13 илјади милијарди рубљи (19,4 милијарди долари) што е зголемување од 23,9 отсто во однос на планот кој бил одобрен во декември 2016.

Проектот Турски тек предвидува изградба на гасовод преку Црвеното море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.

Делницата од гасоводот која ќе оди по дното на Црното море ќе биде долга 910 километри, а дел преку територијата на Турција ќе се протега 180 км. Гаспром на 7 мај оваа година почнал со изградба на поморска делница на гасоводот Турски тек од рускиот брег на Црното море.

Првата линија е наменета за испорака на гас за турскиот пазар, а другата за снабдевање со гас на Јужна и Југоисточна Европа. Секоја линија од гасоводот ќе има капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Вкупните трошоци на проектот се проценуваат на 11,4 милијарди евра (12,98 милијарди долари).


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди