25 Април, 2024
0.0273

Русите ja сакат Грција за нивен стратешки партнер, САД и ЕУ во паника

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Двете необврзувачки понуди од Русите во тендерот за приватизација на националната гасна компанија Депа, и за националниот оператор со гас Десфа, ги покажуваат намерите на Русија да ја прикаже Грција како нов партнер во Југоисточна Европа. За двете компании заедно се предвидуваат 2,7 милијарди евра, што е показател за силниот интерес од страна на Москва, пишува грчки Етнос.

Геополитичкиот интерес на Русите се покажува преку учеството во процедурата за приватизација на сериозни руски компании. Тие се враќаат шест години по првата рака на соработка, дополнета со меѓудржавно разбирање за изградба на нафтоводот Бургас-Александропулос, и по меморандумот за гасоводот Јужен поток - јужниот коридор за транспортирање на гас (Бугарија-Грција-Италија). На крајот, овие проекти не постигнаа успех заради погрешните дејствувања на претходните влади, анализира весникот кој открива дека освен во учеството во приватизацијата на Депа и Десфа, Русите покажуваат интерес и за железничката компанија Траиносе - компанија ќерка на грчкиот национален железнички превозник Осе.

Според информациите, енергетскиот гигант Газпром предвидува да понуди 900 милиони евра за Депа, а Негусњефт од конзорциумот Синтез даваат 1,8 милијарди евра за Депа и Десфа, со што Русите даваат значително повеќе пари за грчките компании за разлика од останатите заинтересирани страни.

На САД и Европа во паника Сепак пишува Етнос, патот на приватизацијата на двете грчки компании не е послан со рози. Наскоро, Вашингтон и Европската Комисија ќе побрзаат да ја покажат нервозата од предноста кои ја имаат руските компании на тендерот. „ Грција треба да го усогласи сопственото законодавство со она на Европската унија. За тоа се договоривме сите држави, да има различни страни за задоволување на енергетските потреби, за земјата да не се доведе во позиција на заложништво“, изјави пред неколку дена Викторија Њуланд, портпарол во Стејт департментот. Во моментов, руското здружување е предмет на голема истрага во Европската унија, поврзано со конкуренцијата. Се појавија коментари дека тоа е причината заради која во втората фаза од тендерот биле исфрлени италијанската Ени и француската Електрисите де Франсе. Но и покрај притисоците од САД и ЕУ, Русите си остануваат на својот став. Како втор проблем Етнос ја посочува и трагичната економска ситуација на енергетскиот пазар во Грција. Долговите изнесуваат над 1,5 милијади евра. Задолженијата на клиентите кон Депа изнесуваат околу 500 милиони евра.

Јасно е дека проблемот произлезе заради долговите кои ги има операторот на пазарот на електрична енергија Лагие кон производителите на електрична енергија. Тоа е едно домино од задолженијата, кое започнува од неплатени сметки за достава во износ од 1,2 милијарди евра, од страна на домаќинствата и компаниите, кон националната компанија за струја Деи.

На 23 јануари, петтемина канидидати во тендерот ќе бидат поканети во агенцијата за приватизација, за да ги подигнат документите за трговската процедура, и за да се отвори патот за достава на обврзувачките понуди.

Владата планира приватизацијата на Депа и Десфа да ја затвори до 31 март, пишува Етнос.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“