РУСИТЕ ОД МИНХЕН КАЖАА: Европскиот бизнис изгуби 100 милијарди долари
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2018
Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции рекол дека претставници на германскиот бизнис покажале голем интерес за инвестиции во Русија.
Кирил Димитријев изјавил дека европските компании вкупно изгубиле околу 100 милијарди долари профит поради политиката за ограничување на мерки кон Русија која ја спроведува Европската унија.
Димитријев тоа го рекол по разговор со бројни претставници од германскиот бизнис во рамки на Минхенската конференција за безбедност.
Истовремено, кажал дека германски бизнисмени покажале голем интерес за инвестиции во Русија, па во текот на годината може да се очекува раст на директни вложувања од Германија.
„Успешни преговори имавме со бројни големи германски компании, а според податоци на гермснските стопански комори, околу 65 отсто од германските фирми кои веќе работат во Русија планираа да ја зголемат својата активност во таа земја“, нагласил тој.
Димитријев кажал и дека со една нафтена компанија од Германија е постигнат прелиминарен договор за вложување во енергетскиот сектор во Татарстан во вредност од неколку стотина милиони долари иако не прецизирал за која компанија се работи.