17 Декември, 2017
0.3655
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Руската параноја во САД го направи Хојт Ји ѕвезда во регионот

Објавено во: Колумни 30 Ноември, 2017

Во САД во изминатиот период владее голема параноја околу мешањето на руските државните агенти во претседателските избори кои се одржаа лани во ноември како преку контактите со членовите на кампањата на Доналд Трамп, така преку пласирањето на материјали за лажни вести ширум светот каде во фокус беа младите од Велес кои ги ширеа сајтовите преку социјалните мрежи и преку обидите за хакирање на политичари, членови на избирачки комисии и системи за гласање во повеќе сојузни држави на САД.

Токму таа руска „пенeтрација“ како и контрата која маестрално ја одигра дипломатот Брајан Хојт Ји го направија американска ѕвезда во регионот и најверојатно иден амбасадор на САД во Република Македонија. 

Тој доколку биде назначен од Сенатот на САД и секако номиниран од претседателот Трамп, ќе има можност од Република Македонија да ја продолжи политиката за тампонирање на руското влијание како во нашата земја, така и во регионот. 

„САД се долго присутни во Западен Балкан и планираме да останеме не поради алтруистички инстикт туку затоа што ни е важно Балканот да успее, да стане просперитетно место“, рече Ји на конференцијата „Бура која претстои? Креирање на иднината на Балканот во ера на неизвесност“, во организација на Атлантски совет, што се одржа во Вашингтон. 

По успешната мисија во Македонија на Брајан Хојт Ји со што се покажа американскиот напор за разрешување на политичката криза со доделувањето на мандатот на Заев и секако прогласувањето на Талат Џафери за собраниски спикер со што тргна процесот на реформи, следна „мета“ се земјите во регионот преку прокси влијание. 

Ји беше доста директен неодамна во Белград кога им порача дека не може да седат на две столици и дека треба да одберат меѓу Вашингтон и Брисел од едната и Москва од другата страна. Ваква изјава на американски дипломат доаѓа во период на дисторзии во Стејт департментот кога државниот секретар Рекс Тилерсон се справува со каприците и нерафинираноста на претседателот Трамп, кога старите кадри од времето на Обама прават свои јадра на влијание. 

И покрај сите тие пречки Ји успеа на високо ниво да ја издигне балканската агенда со плашењето дека ете Русија ни е пред портите и мора нешто итно да се преземе. 

Да не заборавиме дека токму Груевски направи кардинална грешка што реши да им се спротистави на дипломатите од западниот свет и се обиде да заигра „казачок“, но премногу далеку беа руските инструменти за да го поддржат. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Гноиво од кое расте сето зло

Гноиво од кое расте сето зло

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Партијата не е државата

Партијата не е државата

Путин,Путин...уште шест години!

Путин,Путин...уште шест години!