25 Април, 2024
0.1385

Руски полицаец монструм - признал над 81 убиство

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во јануари 2015 година поранешниот полицаец Михаил Попков e осуден на доживотен затвор поради убиството на 22 локални жителки и нанесување тешки телесни повреди на уште две жртви при обид за убиство. 

Злосторствата се направени во периодот меѓу 1994 и 2000 година, а телата на жените во местото Ангарск кои исчезнувале ноќе, подоцна се пронаоѓани во различни делови на Иркутската област. Осомничениот е идентификуван дури во 2012 година.

Во рамките на истрагата за овие мистериозни масовни убиства властите од неколку области во кои биле наоѓани телата со траги од насилна смрт разговарале, проверувале и тестирале повеќе од 30.000 луѓе.

Во неколку случаи на местата на коишто биле најдени телата, се откриени траги од гуми на возило од типот „нива“, па истрагата ги проверувала сите сопственици на вакво возило во регионот. Така всушност и било влезено во трагата на убиецот, кој во 1998 година дал отказ од службата во полицијата.

Потоа било откриено дека осудениот може да е одговорен за уште најмалку 20 случаи на нерасветлени убиства. 

Попков, кога во 2012 година бил уапсен во Владивосток признавал само три убиства, но имало докази и за другите негови злосторства. По изрекувањето на пресудата, мажот признал и други убиства.

За споредба, осудениот во 1994 година масовен убиец во земјата, Андреј Чикатило, извршил 53 докажани убиства.

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!