28 Март, 2024
0.0393

Руски туристи ќе ја оправаат економијата на Чешка и Грција

Објавено во: Балкан 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е во очекување на посетата на чешкиот претседател Милош Земан во ноември оваа година. 

„Ние ја знаеме својата позиција во руско-чешките односи и во голема мера благодарение на Вас, тие се развиваат во текот на последните години, и покрај сите тешкотии“, се сврте тој кон својот колега за време на бизнис форумот.

„Нашиот оддел веќе ја започна подготовката, а Министерството за култура подготви изложба „Богатствата на Прага“ во главниот град. Ние сме многу среќни и јас сум сигурен дека руската јавност и љубителите на уметноста ќе бидат задоволни да се запознаат со оваа изложба“ рече рускиот лидер. 

Тој рече дека во секторот на економијата, и покрај падот во претходните години, на почетокот на оваа година, се забележува раст на прометот меѓу Русија и Чешка - повеќе од 44%. Голем придонес за тоа има приливот на руски туристи во Чешка, овозможен по постепеното закрепнување на приходите. 

„Јас целосно се согласувам со вас дека треба да се фокусираме на развојот на специјални врски меѓу Руската Федерација и Република Чешка“, рече Земан. 

За време на средбата стана и јасно дека стоковата размена меѓу Москва и Атина се зголемила за 80% во првите два месеци од годината. Путин истакна дека во агендата на Грција и Русија се добрите билатерални проекти „кои, за жал, се уште се замрзнати, но има многу добри изгледи за развој“.

Од своја страна Ципрас изјави дека постигнатиот напредок во руско-грчки односи е значаен, но се уште има многу отворени прашања. Премиерот на Грција го посочи зголемувањето на протокот на руски туристи во Грција како главен двигател на економските односи меѓу двете земји.

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката

ПОТРАГАТА ПО ДАНКA ИЛИЌ (2) ПРОДОЛЖУВА: Се пребарува реката