19 Април, 2024
0.0262

Руски весник најавува враќање на САД во регионот

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку биде прифатена, новата американска стратегија за Балканот ќе значи враќање на САД во регионот и обид да не и се дозволи на Русија јакнење на нејзините позиции, пишува весникот „Комерсант“ од Москва.

Весникот потсетува дека предлогот на новата балканска стратегија е подготвен од Атланскиот совет, кој е близок до Администрацијата на САД, и иако нема официјален карактер, тој може многу брзо да стане платформа за американската политика за Балканот.

„Комерсант“ пишува дека можната намера на Вашингтон за поактивно решавање на македонското прашање наведена во стратегијата, ја потврдуваат и информациите дека новиот американски амбасадор во Скопје ќе биде Хојт Брајан Ји, кој активно учествувал во подготовката на документот за новата балканска стратегија.

Весникот пишува дека на Балканот на објавениот документ реагираа „многу сериозно и заинтересирано“.

„Зголемен интерес, секако покажа Србија, која во него зазема посебно место. Претседателот Александар Вучиќ за докуметот изјави дека станува збор за важна тема“ - пишува московскиот весник.

Извор близок до властите во Србија за „Комерсант“ изјавил дека документот е многу позитивен за Белград, затоа што „го признава значењето на Србија во регионот и е во согласност со напорите на Белград да имаат стратешки односи со САД". 

„Комерсант“ додава дека авторите на овој документ го имале предвиде на стремеж на Белград за стратешко партенство со Вашингтон. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот