Руски банкарски гигант сака да ја купи Теленор банка од Србија
Објавено во: Економија 21 Јули, 2017
Рускиот банкарски гигант Сбербанк кој е на трето место по големина во Европа планира да инвестира во српската банка Теленор која е меѓу првите на балканот со услуги кои целосно ги нуди преку интернет и мобилен телефон.
Преговорите за конечната сума за преземање се при крај, но се чека на потврда од централата на Сбербанк во Москва, како и на проценителите на вредноста на потенцијалниот бизнис потфат.
Теленор успеа да стигне до 300 илјади банкарски сметки на корисници за само три години на постоење и функционирање целосно онлајн.
Нивната технологија е поддржана од норвешки инвеститори кои стојат и зад повеќе сервиси за преност на пари по електронски пат и безготовински плаќања, па така имаат огромно искуство во мобилното и интернет банкарството, a секако помага и учеството на мобилниот српски оператор Теленор.