20 Април, 2024
0.0263

(ФОТО) Рускиот тајкун Абрамович ужива во Хрватска, за гориво плаќа милион евра

Објавено во: Стил 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Јахтата Еклипса во сопственост на Роман Абрамович дошла по гориво во хрватското пристаниште Груж во Дубровник.

За потребите на пловидбата во хрватската акваторија се порачани 750 000 литри што е три четвртини вкупен капацитет во резервоарот на горивото.

Како што пишува Дубровнички весник, рускиот тајкун нарачаното гориво ќе го чини милион евра а за истото да се наточи биле потребни 40 цистерни и 40 часа.

Супер долгата јахта од 163 метри вредна 340 милиони евра Абрамович себе си ја подари за новата 2010 година, а од карактеристиките важно е да се истакне тежината од 13 000 тона, ширина од 21 метар, и цената на годишно одржување од 30 милиони евра.

Јахтата прима 62 гости и 70 членови на екипаж, а од содржини треба да се издвојат базени, сауни, кино сала, фризерски салони, градинки, ресторани, клубови и болница.

Од дополнителна „опрема“ тука се два хеликоптери, подморница, ракетни радари, спасувачки пловила и многу други системи за осигурување.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган