Руските пратеници купуваат имоти во Украина и во Шпанија
Објавено во: Свет 15 Април, 2013
Украина и во Шпанија се мека за купување имоти од страна на руските пратеници, покажуваат анкетните листови за имотната состојба на народните претставници. Во листите стои дека повеќе членови на Државната дума и нивните роднини имаат имоти во Украина и Шпанија, главно куќи со површина од десетици до стотици метри квадратни.
Неодамна во Русија беше усвоен закон со кој им се забранува на пратениците и на владините претставници да имаат банкарски сметки во странство, но и недвижен имот.
Нешто подоцна, на барање на претседателот Владимир Путин, беше усвоено дека државните функционероможе да имаат имот во странство, ама ќе мора да го пријават.