„RyanAir“ ќе откажува до 50 летови секој ден
Објавено во: Свет 16 Септември, 2017
Нискобуџетната авиокомпанија RyanAir соопшти дека ќе откаже меѓу 40 и 50 летови дневно за да ја "подобри својата точност". Оваа мерка стапува на сила сега и ќе се спроведува во следните 6 недели до крајот на октомври.
Ирската авиокомпанија објави пад од 80 отсто во своето ниво на точност во текот на изминатите две недели. Главната причина за негативните резултати кои ги припишуваат се штрајковите на вработените.
RyanAir веќе ги извести патниците погодени од мерката преку електронски пораки. Луѓето ќе имаат можност да изберат помеѓу враќање на парите или да добијат попуст на цената на билетот при презаверка.
Околу 300.000 патници на RyanAir се очекува да бидат засегнати од мерката.