Ryanair со историска одлука само за да ги избегне штрајковите
Објавено во: Свет 15 Декември, 2017
Нискотбуџетниот ирски авиопревозник Ryanair денеска најави дека ќе го признае синдикатот на пилотите за првпат во 32-годишната историја, во обид да престане првиот досегашен штрајк на пилотите, која е предвиден за подоцна денес, пренесоа агенциите.
Одбивањето на главниот извршен директор на компанијата Мајкл О'Лири да ги признае синдикати досега беше во основата на моделот, кој се карактеризира со исклучително ниски расходи, со кои тој успеа да го направи Ryanair од мала регионална ирска авионска компанија во најголемиот авиопревозник во Европа по број патници.
Признавањето на синдикатите ќе биде важна промена за Ryanair, но претрпевме радикални промени пред тоа, вели О'Лири во соопштението.
Тој изрази очекување дека новите синдикални структури на пилотите ќе бидат преговарани на почетокот од следната година.
Пилотите и персоналот во Италија ќе штрајкуваат денес четири часа, а потоа пилотите во Ирска и Португалија ќе штрајкуваат на 20 декември за 24 часа. Покрај тоа, пилотите во Германија и Шпанија објавија дека размислуваат за штрајк.
Пилотите на најголемата европска авиокомпанија за патници беа мобилизирани за штрајк по објавувањето на откажувањето на 20.000 летови. Поништувањето на летовите се објаснува со недостаток на резервни пилоти, проблем кој настанал поради системот за распоредот на способноста за летачки дежурства откако ирските регулаторни власти направија измени во распоредите.
Ryanair ги отфрла обвинувањата на пилотите дека има недостаток на пилоти.