19 Април, 2024
0.0298

Сачи&Сачи Македонија дел од групацијата Publicis One, освои две Гранд При награди и три злата на Голден Драм во Љубљана

Кампањата Sea Hero Quest е најдобра кампања, а Василиjе Ќорлука од Publicis One е најдобар креативен директор за 2016 година.

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На 23-тиот Голден Драм, најпрестижниот адвертајзинг фестивал во Европа, кој се одржа од 18-21 октомври во Љубљана, Сачи&Сачи Македонија дел од Publicis One за кампањата Sea Hero Quest освои две Гранд При награди (во категориите Mobile и Activation programme) и три злата (во категориите: Digital, Branded Content и New or innovative ). 

Кампањата “Sea Hero Quest“ која годинава нанижa награди на сите фестивали низ светот каде што се појави, доминираше и во Љубљана, каде беше прогласена за најдобрата кампања во 2016 година. Василије Ќорлука од Publicis One се закити со престижното признание Golden Watch award како креативен директор на најдобрата кампања во 2015 година.

Идејата за оваа игра за мобилен телефон,  која ја разви Дојче Телеком се роди токму во нашата агенција. Тоа е доказ дека и една мала агенција од мала земја како Македонија,  може да креира идеи која ќе имаат интернационален успех. Играта досега е превземена повеќе од 2.4 милиони пати, помагајќи ги истражувањата за борба против деменција. Горди сме на овој наш успех, среќни сме и искрено се надеваме дека Sea Hero Questќе помогне на многу луѓе во светот кои имаат проблем со оваа болест., изјави Василие Чорлука.

Кога имате креативен и инспириран тим не постојат никакви лимити, тогаш можете да креирате идеи, концепти кои ги надминуваат локалните граници, и се применливи насекаде. Но истовремено сакам да истакнам дека секој наш успех е пред сѐ резултат на довербата која што нашите клиенти ни ја даваат. Му благодариме на Македонски Телеком што ни овозможи да бидеме дел од овој успех.Sea Hero Questе спој на креативнота и општествената одговорност, потврда на исклучителната работа и посветеност на вработените во Publicis One”изјави Александра Дилевска Симова, извршен директор на Publicis One.


Агенцијата Publicis Романија/ Publicis One доби признание Golden Rose Award за најуспешна агенција во изминатата година, додека агенцијата McCann Worldgroup за најуспешна агенција на фестивалот.

Истовремено во Off Drum натпреварот Ljubljana Poster Award  младите креативци од Publicis One освоија второ и трето место. Дијана Димитриевска, Деница Бојаровска и Нино Илиевски второ место за постерот “BeTheBeat_mockup”, додека Дијана Димитриевска трето место за постерот под наслов “Ние сме еден”

***

GoldenDrum е реномиран интернационален адвертајзинг фетивал кој своето прво издание го имаше во 2004 година. Одтогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Нова Европа (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта , Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година