20 Април, 2024
0.0260

САД бара две земји да извршат притисок над Северна Кореја

Објавено во: Свет 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

СAД ги повикаа Кина и Русија да преземат директна акција против Северна Кореја.

САД и Јапонија за денеска побараа итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ваквото барање следи откако денеска Северна Кореја лансира втора балистичка ракета над Јапонија. 

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон неодамна во Лондон изјави дека Кина ја снабдува Северна Кореја со нафта, а дека Русија е најголем работодавач на севернокорејскиот принуден труд.

„Се надевам дека Кина, како голема земја, светска сила, сама ќе реши, ќе преземе врз себе да ја искористи таа моќна алатка на снабдување со нафта за да ја убеди Северна Кореја да го преиспита својот сегашен пат кон развој на оружјето, да го преиспита нејзиниот пристап кон дијалог и преговори во иднина“- рече тој. 

Соопштено е дека балистичката ракета минала околу 3 илјади и 700 километри на максимална височина од 770 километри. Тоа е најдалеку и највисоко што постигнала една севернокорејска ракета.

Ракетата го прелетала јапонскиот остров Хокаидо, по што паднала во Тихиот океан на околу 2 илјади километри од  брегот на Јапонија. 

Јапонскиот министер за одбрана,  Итсунори Онодера соопшти дека денешната ракета била иста како и претходната.

Во земјата се активирани сирените за тревога при што милиони луѓе мораа да се скријат во засолништа.

Северна Кореја деновиве упати закани до САД и Јапонија затоа што бараа санкции против нив. 

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато