Добивај вести на Viber
Американското министерство за финансии соопшти дека го продале целиот удел во осигурителната компанија АИГ. Ова е истата компанија која пред 4 години беше спасена банкрот од страна на американската Влада која и одобри помош од 180 милијарди долари.
Како што стои во официјалното соопштение на Министерството, со продажбата на 234,2 милиони акции на АИГ по цена од 32,50 долари по акција, остварена е добивка од 7,6 милијарди долари. Со оваа продажба на акциите, Владата е во плус за 22,7 милијарди долари, што значи дека помошта од 182 милијарди долари е повеќе од вратена.