САД и ЕУ во голем судир за Боинг и Ербас - Кој давал незаконски субвенции?
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2017
САД и ЕУ влегоа во нова серија на меѓусебни обвинувања околу субвенциите за развој на авионската индустрија преку двата гиганта Боинг и Ербас. Ова доаѓа откако Светската трговска организација донесе одлука со која се утврдува дека САД ги испочитувале нивните препораки донесени уште во 2012-та за прекинување на програмата за државна помош.
Сепак, Европската комисија тврди дека тие се во права бидејќи има дел од субвенциите кои и натаму се спорни и за нив е поведена жалбена постапка. САД ја обвини ЕУ дека со нивната политика на субвенционирање на Ербас придонеле за уништување на многу американски авионски компании кои повеќе не можеле да се натпреваруваат на пазарот, освен Боинг кој и натаму е во добра кондиција и дека биле изгубени голем број на работни места.
ЕУ, убедува дека не даваат субвенции, туку заеми на Ербас за лансирање на нивната нова серија на авиони А350. Спорот меѓу САД и ЕУ продолжува.