19 Април, 2024
0.0271

САД и Русија не си ја треснаа вратата

Објавено во: Колумни 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Рекс Тилерсон, американскиот државен секретар, или како што веќе го викаат некои медиуми, Ти-Рекс, дојде во Москва, разговараше неколку часови со неговиот колега Сергеј Лавров, а потоа заедно заминаа на двочасовна средба со претседателот Владимир Путин.И тие средби се главниот успех на оваа посета. САД и Русија не си ја треснаа вратата.

А што се можеше да се чуе пред посетата на Тилерсон. И од САД и од Русија доаѓаа изјави кои во најмала рака делуваа заканувачки. И сето тоа на фонот од американското бомбардирање на воената база во Сирија, како одговор на наводното сириско користење на хемиско оружје во покраината Идлиб. Многумина очекуваа посетата да резултира со кавги. Дури се велеше дека „Тилерсон оди во Москва со ултиматум кон Русите - „Бирајте, САД или Асад“. Или Пак, „Откажете се од Асад ќе ве вратиме во Г7“.Од другата страна, пак, дека Русија има помалку доверба кон Трамп, отколку што имаше кон Обама.

Според она што беше кажано на заедничката прес конференција на Тилерсон и Лавров, закани немало, а двете страни отворено ги искажале своите ставови најмногу за Сирија, но и за меѓусебните односи. Според некои медиуми темата Сирија била главна, наводно одзела 99 проценти од разговорите. Тилерсонна средбата со новинарите, а секако и на разговорите со Лавров и Путин, го обвини Асад за користењето хемиско оружје и дека времето му е минато, а Лавров возврати дека без независна меѓународна истрага, не може да се зборува за некаква вина на Асад. Државниот секретар на САД е уверен дека Башар ал Асад мора да замине од претседателската функција и дека тој не треба да има никаква улога во управувањето со Сирија. Неговото заминување би требало да биде на „организиран начин“, а делот од општеството кое го претставува тој, мора да биде прифатено на евентуални преговори. Лавров пак, вели дека Русија не стои ни зад Асад, ниту зад некој друг, туку самите Сиријци треба да седнат ида се договорат за својата иднина.

Од она што се слушна на пресот се чини дека на разговорите попатно била разгледана ситуацијата во Украина, а голем дел бил посветен на објаснување на причините зошто двете држави имаат односи на најниско ниво досега. Според Русите виновникот за тоа е БаракОбама, поранешниот американски претседател со својата политика, но очигледно е дека  и со ДоналдТрамп работите не одат на нивно задоволство. Нема ништо од најавите за некаква негова симпатија кон Путин, како што се добиваше впечаток во време на изборите во САД. Друг впечаток кој остави пресот е дека РексТилерсоне скржав на борови и во две до три минути, го образложуваше американскиот став за одредени прашања, додека Лавров имаше вистински тиради. Па на прашања за американското бомбардирање, зборуваше повеќе од десетина минути, на пример, за американскиот однос кон „диктаторите“ , и последиците од него кои денес се видливи во Ирак, Либија, Судан, а го спомена и бомбардирањето на СР Југославија со заобиколување на ОН.

Но ова е само прв впечаток за Тилерсонво поглед на односот со медиумите на вакви важни прес конференции. Што не значи дека е таков и на разговорите со соговорниците. Како поткрепа на ова може да се сметаат и твитовите на ДоналдТрамп. Посетата на Тилерсон не беше завршена, а Трампна пресот со првиот човек на НАТО ЈенсСтолтенберг за посетата на Тилерсон изјави: Се минало многу добро. Можеби дури и подобро од очекувањата“. Кон ова тој додаде дека сега САД и Русија немаат добри односи и дека тие се на историски минимум.  Според него „Путин е лидер на Русија. Русија е силна држава. Ние сме многу, многу силна држава“ изјави Трамп, додавајќи дека треба да се почека за да се види како ќе се гради соработката со Москва.

Ако може да се зборува за конкретен резултат од средбите во Москва, тогаш тоа е договорот за формирање на Работна група за стабилизација. Според Тилерсон во меѓусебните односи треба да се прекине деградацијата. Треба да се обнови довербата за да можат да се решат прашања кои се важни и за двете страни. Односно таа работна група ќе треба да решава прашања кои бараат итни решенија за стабилизирање на ситуацијата, зашто две нуклеарни држави не може да се наоѓаат во таква состојба.  Лавров, пак  на ова вели дека во разговорите со Тилерсон било кажано дека Русија ќе се врати кон примената на меморандумот за спречување на инциденти во небото над Сирија од кој Русија се откажа по американското бомбардирање на сириската воздухопловна база. И навистина вчера и во Стејт департментот потврдија дека меморандумот се почитува. Дали е ова знак на добра волја на Русите ќе покаже времето.

Можеби поттикнат од ваквиот резултат од договорот, а можеби и нешто друго, американскиот претседател Трамп почна да сее еуфорија. Па вчера твитна дека „Меѓу САД и Русија се’ ќе биде добро. Во вистинско време сите ќе се вразумат и ќе има вистински мир“. Имајќи ги предвид сегашните односи на САД и Русија и вкупните состојби во светот, тешко е дека во блиско време, а можеби и со години нанапред би можело да се гледа вака на работите. За оние што сејат ветер велат дека жнеат бура, а што станува со оние кои сејат еуфорија? На твитот на Трамп одговори официјалниот твит акаунт на Русија со лајк, а и Министерството за надворешни работи на Русија не остана покусур. Што прават овие? Си испраќаат пораки. Што времиња дојдоа. Индијанците го користеа чадот за пораки, а сега големите поглавици комуницираат со лајкови, емоции...!

Може ли сега да се претпостави како ќе се одвиваат односите меѓу САД и Русија во иднина? Средбите во Москва навестија желби за соработка. Николај Злобин, претседател на Центарот за глобални интереси од Вашингтон за ББЦ изјави дека воопштоне му е јасно зоштоТилерсон заминал во Москва, кога таму не е најден заеднички јазик.Тој не гледа можности за некаков пробив во односите, осве накоТилерсон не му однел на Путин, лична порака од претседателот Трамп. Овој пак кога зборува за Русија зборува за Сирија и за кратење на нуклеарното оружје. А, Русите пак, во поглед на ова се на сосема спротивна страна.

Очигледно Трамп се повеќе стануваз агатка и за експертите. Од човек кого врвни политичари го сметаа и го сметаат за непредвидлив,станува човек со свои визии, кои засега ги искажува само преку твитер. Во однос на Русија, со последните потези започнува да заличува на поранешните американски претседатели со непроменетата политика кон неа уште од времето на Студената војна. Веројатно некој му дошепнал дека со Русија може да се води дијалог само од позиција на сила, што е став на многу западни политичари, а особено од Велика Британија. Па затоа и удри врз Сирија. И рејтингот му порасна за цели 15 проценти. Инаку беше почнал да му замрзнува. А можеби работата ја имаат завршено генералите со кои се опкружи, како и бизнисмените. Приодот на Трамп кон надворешната политика сигурно е и резултат на влијанието на Стејт департментот кој се уште не е реформиран, како што се очекуваше. Паметен човек се опкружува со попаметни од себе. А згора на се, речиси еднаш неделно води телефонски разговори со Ангела Меркел. Како да му е главен советник за Европа, па и за Русија.

Од Москва не дојде абер за некаква средба на врвот. Никој не изусти ни збор за тоа. Дали се разговарало на таа тема? Сигурно не е одмината, а посетата на Тилерсон е само првиот чекор кон нејзино организирање. До Самитот на Г20 во Хамбург има доволно време таа да се подготви, ако не се одржи и порано.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок