18 Април, 2024
0.0228

САД ќе стане како Саудиска Арабија!

Објавено во: Анализа 05 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Анализата која покажува дека САД во наредните декади може да стане нето извозник на нафта делуваше доста интересно во економските кругови на светот. Доколку сценаријата во оваа анализа се остварат тоа ќе значи дека САД веројатно ќе го задржат приматот на светки економски играч број еден. Во случај зависноста од енергенси на најголемата економија во светот значително да се намали тоа ќе значи помали дефицити и веројатно поголема конкурентност. Имајќи го во предвид и рекордно ниското ниво на цените на гас во оваа земја се чини дека економијата ќе има солиден избор на ресурси, без притоа да бидат во опасност од одлуките кои може да ги донесат шеиците во арапските земји. Знаејчи дека Кинезите се обидуваат да фатат што подобри позиции во Африка во земјите кои произведуваат нафта, станува јасно дека ќе се води интересна борба за ресурси. Во прилог на овој текст погледнете ги графиконите поради кои оваа вест во моментов е можеби најинтересна во глобалната економија: Растот на производството на нафта во САД, споредено со останатите неОПЕК земји делува фасцинантно. САД произведуваат најмногу нафта по 1994 година. Погледнете го растот што е направен од почетокот на големата криза до денеска. Тексас и Северна Дакота, доколку нешто ви значи се земјите кои даваат најголем придонес за овој раст. Мексиканскиот залив после големото излевање на нафта од платформата на БП очигледно дека стагнира. Интересен график кој го анализира намалувањето на увозот на нафта. Намалената побарувачка, поради слабиот раст, како и зголеменото производство предизвикуваат увозот серизоно да се намалува. Дека индустријата е во подем покажува и фактот дека во период од пола декада бројот на вработени во индустријата за производство на нафта и гас е скоро дуплиран. И последниот, можеби најначаен график е дека можеби до 2020 година САД може да станат нето извозници. И тоа како што напишале аналитичарите на Сити, може да значи сериозни промени на надворешната политика на САД. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза