САД уби петмина Руси во Сирија, односите со Русија вжештени
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2018
Руското министерство за надворешни работи објави дека петмина руски државјани се убиени во воздушен напад од американската авијација во сирискиот град Деир ел Зор. Според руското МНР загинатите Руси не биле членови на армијата, туку цивили.
Ова е прв инцидент во кој доаѓа до судир меѓу САД и Русија на сириско тло, последица од која се плашеа министерствата за одбрана на двете светски веле сили. Петте жртви предизвикаа голема горчина во Русија и се бара одговорност за извршениот напад.
Првично нападот било планирано да се изврши врз провладините сили кои го поддржуваат претседателот Башр ал Асад. Тие ги нападнале курдските борци кои имаат воена поддршка од САД.
Најверојатно петте руски жртви се ангажирани како воени советници на војската на Асад, но не се официјални воени лица на Русија.