Садик Кан: Жителите на Лондон да бидат внимателни за да се спротивстават на опасностите
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изјави дека жителите на Лондон треба да бидат внимателни за да можат да се спротивстават на опасностите.
Вели дека заканите за терористички напади се дел од животот во големите градови, објавија британските медиуми.
„Тоа значи дека мора да бидеме внимателни и да имаме полиција која што е поврзана со заедницата. Да бидеме подготвени да понудиме безбедност, но и да разменуваме идеи и практики“- вели Кан.
Тој кажа дека бил буден цела ноќ по терористичкиот напад и дека големите светски градови мора да бидат подготвени затоа што вакви работи се случуваат кога најмалку се очекува.
Во нападот муслиман прво газеше луѓе со автомобил, а потоа нападна и со нож по што беше убиен.
Загинаа 4 лица, а повредени се дваесетина.