25 Април, 2024
0.0301

САМИТ ВО ТРСТ: Македонија „пепелашка“ на Балканот!

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Трст, Италија некогаш град каде „југословените“ го посетуваа за купување на џинс, изминативе два дена беше во фокусот на европската политичка елита. Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и домаќинот, премиерот на Италија Паоло Џентилони ги собраа лидерите на земјите од Западен Балкан. Во Трст беа и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан. Пораката која беше испратена до Западен Балкан е дека вратите на Брисел остануваат отворени за овие земји..Зајакнување на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан – ова беше мотото на самитот во Трст. Инаку, бројни новинарски екипи го следеа самитот ЕУ - Западен Балкан во Трст. Италијанската телевизија Раи Уно, комплетно го следеше настанот, со отворени студија, репортажни возила, многу новинарски екипи, распоредени на секој настан. Плоштадот каде практично се случуваа сите централни настани беа блокирани од силно полициско обезбедување. Градот, до завршувањето на самитот извесен период беше парализиран.

Македонија најголем добитник - повеќе од 70 милиони евра грантови за инфраструктура и 200 милиони евра кредити?

За Македонија, самитот во Трст беше од исклучително значење. Не само поради финасиската инјекција, туку и поради подршката од европскиот политички крем, особено подршката која стаса директно од канцеларката Меркел. Македонската делегација е едногласна - самитот беше успешен. Според информациите, Македонија добила грантови од околу 70 милиони евра и плус кредити од околу 200 милиони евра. Пари наменети за инфраструктурни проекти. 

Премиерот Зоран Заев смета дека Македонија е голем добитник во Трст. Одлуката на ЕУ да ја финансира изградбата на делницата Крива Паланка-Бељаковце во должина од 34 километри со 70 милиони евра, ја најави и еврокомесарот Јоханес Хан, и таа несомнено ја подигна атмосферата во македонската делегација. Целиот проект се предвидува да чини 152 милиони евра, а останатиот дел од парите Македонија ќе треба да го обезбеди преку кредит од Европската банка за обнова и развој во вредност од 75 милиони евра.

„Железничното поврзување на Македонија со Бугарија е пример колку ние сериозно гледаме на оваа агенда за поврзување во регионот“, рече Заев, најавувајќи дека Владата ќе се насочи и кон исполнување на обврските околу Договорот за основање енергетска заедница за Југоисточна Европа. Инаку, идејата на ЕУ е финасиски да му помогне на Западен Балкан со повеќе од 1 милијарда евра до 2020, а значителен дел од овие пари би биле неповратни, но треба да се вложат во инфраструктурно поврзување..

Самитот заврши со договор за формирање транспортна заедница

Самитот ЕУ - Западен Балкан во Трст, заврши со потпишување договор за формирање на транспортна заедница. Сепак, не одеше се така мазно, имено договорот беше потпишан од пет земји на Западниот Балкан. Шестата, Босна и Херцеговина, не успеа да ги надмине внатрешно-политичките проблеми кои го блокираа нејзиното учество во проектот, кој треба да овозможи усогласување на транспортното законодавство на земјите од регионот со ЕУ, и да го олесни финансирањето на проектите во таа сфера.

„Се надеваме дека БиХ наскоро ќе биде подготвена да потпише. Штета е што тоа не можеше да се случи денеска“, рече шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. За Могерини, сепак, се работи за „многу успешен самит“, кој донел голем број „практични проекти“.

На самитот имаше многу бизнисмени

Самитот во Трст, беше центар на случувањата и за многу бизнсмени. Имени, стопанските комори од регионот се договорија да отврат канцеларија во Трст. На овој начин, Балканот создава цврста економска интеграција, ова според бизнисмените ќе овозможи собирање на нови искуства, но и веројатно послесен начин за добување инвестициски кредити.

На маргините на самитот - Заев се сретна со Меркел

Новата македонска влада преводена од Зоран Заев доби силна подршка од германската канцеларка Ангела Меркел. Официјално од владата информираа дека премиерот Зоран Заев во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Германија Ангела Меркел, на која таа изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Заев на средбата истакнал дека Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евроатлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните.

– Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евроатлантскиот интеграциски процес. Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Република Македонија и Република Германија во области важни за граѓаните на двете земји, информира владината прес-служба за средбата на Заев со Меркел во Трст каде денеска се одржа самит „ЕУ - Западен Балкан“.

Заев се сретна и со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во Трст имаше билатерална средба со премиерот Зоран Заев по која што на Твитер напиша дека Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи.

„Се сретнав и му честитав на новиот македонски премиер Зоран Заев на Самитот во Трст. Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи“, твитна Џонсон.
Во Трст, Џонсон потврди дека Велика Британија следната година ќе биде домаќин на Самитот на земјите во Западен Балкан.

На Самитот во Трст, Заев имаше и билатерална средба и со неговиот албански колега Еди Рама, како и со премиерката на Србија, Ана Брабиќ. 

Од Трст, Италија, Мишко Иванов, новинар на ТВ24

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот