23 Април, 2024
0.0706

Само четири жени дел од „дрим тимот“ на Заев во новиот владин кабинет

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Уште пред да биде изгласана новата влада лидерот на ДУИ се соочи со низа критики. 

На социјалните мрежи се почести се реакциите зошто идниот коалиционен партнер на СДСМ нема во листата кандидати за министри ниту една жена.

Меѓу нјагласните критичари се јавија професорките Мирјана Најчевска и Каролина Ристова Астеруд.

„Се уште жените се видливо малцинство (воопшто ги нема меѓу предлозите на партиите на етничките Албанци). Тоа што има толку малку жени е проблем, голем проблем да се разбереме“, пишува Најчевска на Фејсбук коментирајќи ги предлозите за идни министри.

Разочараност и кај професорката од Правен факултет Каролина Ристова Астеруд.

„И, ете така, Али Ахмети ќе ја внесува Македонија во НАТО и ЕУ, кои од уста не ги вади, без жените Албанки, поточно,без ниту една жена од ДУИ за министерка. Од шест места, ниту една, камоли две-три, па некако да го креневме општиот „рекорд“ од 4 на барем 5! Тоа е тој европски идентитет, онака, во ум, душа и срце, во најдестилираната форма. Не дека СДСМ и другите се многу понапред и дека се претегнале. Толку од реформскиот дух во тој дел, а сепак многу, многу индикативен! МЕГАРАЗОЧАРАНА!“, пишува Ристова Астеруд.

Од редовите на ДУИ кандидати министри се Хазби Лика вицепремиер за рамковен договор, Бујар Османи вицепремиер за евроинтеграции, Билент Салиу министер за правда, Крешник Бекташи министер за економија, Рамиз Мерко е министер без ресор и Садула Дураку, министер за животна средина.

Во листата на СДСМ за министри со ресор пак има три жени: Радмила Шеќеринска - министер за одбрана, Рената Десковска - министер за образование и Мила Царовска - министер за труд и социјала, додека Зорица Апостолска од НСДП е предолжена за министер без ресор.

На чело на Министерството за одбрана за прв пат застанува жена. Најголемиот предизвик на Радмила Шекеринска ќе биде да ја внесе Македонија во НАТО.




На чело на Министерството за образование застанува универзитетски професор. Заев ја предложи Рената Десковска да раководи со овој ресор, а првиот чекор кој СДСМ вети дека ќе го исполни со стапувањето на власт е укинување на екстерното образование.



Социјалата ја доби Мила Царовска, која беше претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. Царовска ја чека напорна работа со сиромаштијата, маргинализираните групи, а во нејзиниот ресор е и армијата од пензионери.







Зорица Апостолска од НСДП е четвртата жена во идниот владин кабинет која е предложена за министер без ресор.


Можеби ќе ве интересира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза