19 Октомври, 2017
0.3400

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА ПЛАТИТЕ: Менаџерски договори за тајни плати на директорите во АЦВП!

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2017

Државна тајна е платата на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреоски. Платата на Јандреоски била  утврдена со менаџерски договор, велат од АЦВП за Фактор, и одбиваат да го кажат точниот износ на сумата што директорот ја добива. Тоа пак упатува дека станува збор за сума која е неколкукратно поголема од просечната плата што се исплаќа во земјава.

Наташа Стојановска

Фактор, согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, испрати допис од АЦВП со кој се бараше да се каже точната сума што Јандреоски ја добива како плата, но оттаму одбиваат да го обелоденат износот.

„Директорот согласно Законот за воздухопловство е професионално ангажиран во Агенцијата со полно работно време, а неговата основна плата се пресметува како производ од вредноста на бодот, коефициентот на образование и бодот за сложеност на работното место утврден во менаџерски договор меѓу директорот и Управниот одбор,одговорија од АЦВП на нашето Барање за приспат до информации од јавен карактер.

Откако до Комисијата за заштита на правото за слободн пристап до информаации од јавен карактер,  испративме жалба за ваквиот одговор на АЦВП, оттаму следуваше дополнување на одговорот, но и овојпат платата на директорот  Јандрреоски се крие.

„Директорот е професионално ангажиран во Агнцијата со полно работно време, а неговата основна плата се пресметува како производ на вредноста на бодот, коефициентот на образование и бодот на сложеност на работното место утврен со менаџерски договор меѓу директорот и Управниот одобор, односно согласно договорот  за платата на директорот се добива кога коефициентот за образование од 1,00 помножен со вредноста на бодот предвиден за 3 група на сложеност се множи со коефициентот за сложеност на работното  место“, се наведува во вториот одговор од АЦВП.

Во јавноста веќе се зборува деа тоа што Јандреоски одбива да каже колкава плата добива во АЦВП,  упатува дека станува збор за огромни суми, кои би предизвикале негодување па затоа сумата се крие по секоја цена. Јандресоки на ова позиција е назначен во јануари 2015 година. А, нетранспарентниот  однос на Јандреоски, којво 2015 година беше избран и за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ненесува негативен имиџ на партијата особено во турбуленти политички времиња.

Јандреоски претходно работел во ТАВ, а потоа доаѓа на местото директор на АЦВП.  

Според податоците за неговата имотна состојба, Јандреоски, за дел оод имотот не кажал колкава е неговата вредност. Има стан во во Скопје во вредност од 90 илјади евра, но има и куќа и земјоделско земјиште за кои  нема податок колку вредат. Поседува деловен простор во вредност од 227 илјади евра и две гаражи од 8 илјади евра. Има две веспи, два мотоцикли и автомобил кои вредат 22 илјади евра, но и велосипид од 5.000 евра. Јандреоски поседува акции, но не кажал ниту каде, ниту колку вредат, а има и кредит.

Колку пари добиваат членовите на Управниот одобор во АЦВП

Претседател на Управниот одбор на АЦВП, е Драги Стојановски. Според, одговорот од Агецијата , Стојановски има право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата во стопанството на ниво на РМ.

Додека, членовите на Управниот одобор, Драган Китановски и Фахудин Хамиди,  имаат право на месечен  надоместок во висина од 40% од просечната месечна нето- плата во стопанството на ниво на РМ.  


Можеби ќе ве интересира

Може ли „јабанџија“ да купи 6 отсто од „Фершпед“ за помалку од милион евра?

Може ли „јабанџија“ да купи 6 отсто од „Фершпед“ за помалку од милион евра?

Тевдовски за Блумберг: Со завршување на политичката криза, веќе гледаме одредено зголемување на економската активност

Тевдовски за Блумберг: Со завршување на политичката криза, веќе гледаме одредено зголемување на економската активност

BWM го прогласи Ефтимоски за банкарски директор на годината

BWM го прогласи Ефтимоски за банкарски директор на годината

Какви промени се случија во Фершпeд, кој ги зема акциите на Алпен?

Какви промени се случија во Фершпeд, кој ги зема акциите на Алпен?

Колкав процент Македонци живеат во сопствен дом?

Колкав процент Македонци живеат во сопствен дом?

Заев на Самит100: Балканот ќе и докаже на ЕУ дека не e Буре барут

Заев на Самит100: Балканот ќе и докаже на ЕУ дека не e Буре барут

Звиздиќ: Мора да се врши притисок врз владите за подобра соработка

Звиздиќ: Мора да се врши притисок врз владите за подобра соработка

СЕКОЈ ПЕТТИ МАКЕДОНЕЦ СИРОМАШЕН: Се преживува и со 6.500 денари

СЕКОЈ ПЕТТИ МАКЕДОНЕЦ СИРОМАШЕН: Се преживува и со 6.500 денари

Заев на Самит100: Ако регионот напредува сите ќе напредуваме

Заев на Самит100: Ако регионот напредува сите ќе напредуваме