Само Трамп добива две топки сладолед во Белата куќа
Објавено во: Свет 12 Мај, 2017
Ексцентричниот американски претседател Доналд Трамп кој од реалити шоу премина во политика има специфични навики кога е во прашање храната која му ја служат во Белата куќа, а тоа е особено забележително кога има колективни оброци со неговите соработници, советници, па дури и новинари.
Келнерите во Белата куќа за него специјално служат диетална Кола, а другите добиваат обична вода. Потоа му носат салата со специјален Thousand Island сос, а останатите гости само обичен оцет. Со пилешкото секогаш добива екстра сос, а за десерт само Трамп добива по две топки сладолед од ванила.
За претходниот претседател Барак Обама кој имал строг режим на диета најмногу шеги „паѓаа“ за податокот дека секоја вечера добивал по точно 7 солени бадеми, но подоцна и самиот посочи дека не бил до толку опседнат за да ги пребројува секогаш.