19 Април, 2024
0.1018

Само уште еден ден до јубилејнто издание на Викенд Медиа Фестивал!

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Преостана само уште еден ден до почетокот на јубилејниот Викенд Медиа Фестивал, најголемото случување за медиската и комуникациската индустрија во југоисточна Европа, кое оваа година се одржува од 21. До 24. Септември во просторите на старата фабрика за тутун во Ровињ. Своето јубилејно десетто издание Викенд Медиа Фестивал ќе го одбележи со најквалитетна и најбогата програма досега, интересни предавачи и бројни панели и дискуции во кои ќе уживаат преку 4.500 учесници.

Меѓу големиот број на предавања се истакнува “ЕДЕН НА ЕДЕН: Како да имате голема публика за сериозни вести на која Џон Лоренс on Laurence), водител на наградуваниот оддел на британскиот Канал 4, ќе објасни како да го освоите вниманието на публиката од 16 и 34 години на платформите кои ги користат, со многу сериозни вести.


На панелот “Baby You Can Drive My Car“ претставниците на Убер (Uber), ФликсБас (FlixBus), Некстбајк (Nextbike), Туро (Turо)и ХЕП(HEP) ќе дискутираат за иднината на транспортот како и за алтернативни решенија и нови модели услуги од страна на превозниците.

Посетителите на ова јубилејно издание на фестивалот ќе можат да пробаат неколку алтернативни облици на превоз низ Ровињ. Една од нив е убеРИШКА, Убер услуга на возење ришка која ќе биде бесплатна и достапна само во текот на Викенд Медиа Фестивал, како и еднократната промоција на Туро, кој за прв пат ќе ги понуди своите услуги во Хрватска. Дополнителни две опции за превоз ќе обезбедат Рог ПонииНекстбајк кои ќе овозможат бесплатно користење на велосипеди.

Дел од програмата на ова десетто издание на фестивалот ќе биде посветена на нордиските земји кои се сметаат за пример за развој, нови технологии и регионална соработка. Околу нордиската пракса ќе говори Мери Гестрин ary Gestrin) од Нордискиот совет на министри, додека Андрес Гранберг ndres Granbergќе говори повеќе за вложувањето во Фејсбук во Шведска – пресврт за нордиските земји. 

Покрај сериозните теми и дискусии, на богатиот репертоар е и прославата по повод 10 години постоење на Викенд Медиа Фестивал, која започнува веќе во четврток, 21. Септември, со голема забава за отворањето на фестивалот. Петок, 22. Септември, е резервиран за настапот на Сајси ЕмСи, Лемпшејд Медиа(Sajsi MC, Lampshade Media), по што следува претставувањето на “Ќе се пробудам утре“ на Јегермаистер (Jagermeister): Ниплпипл (Nipplepeople), Ник Ороси (Nik Orosiи Фил Џексон (Pill Jackson). За крај на прославата на јубилејното издание, во сабота, 23. Септември е резервирана за вистинско музичко задоволство: Нено Белан (Neno Belan)и Фиуменски (Fiumensiќе ги свират “Ѓаволи“.

Повеќе информации на weekendmediafestival.com

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година