Само во Индија - Машини за перење со копче за кари
Објавено во: Економија 11 Март, 2017
Panasonic реши да го освојува индискиот пазар со нов модел на машина за перење алишта која ќе има посебно копче за отстранување на дамки од кари. Ваквиот потег може да биде и ризичен бидејќи се заоснава на еден стереотип дека индијците буквално се јадат заедно со кари зачинот.
Од Panasonic велат дека две години вршеле тестови за да ја добијат совршената техника на перење за да се отстранат дамките од кари и сметаат дека нивниот производ ќе биде вистински хит во наредниот период.
Се проценува дека во Индија само 10% од домаќинствата поседуваат машина за перење и се уште рачно ги чистат своите алишта, па затоа постои огромен потенцијал за ширење на пазарот. Според продажбата лидери се LG и Samsung.