19 Април, 2024
0.0276

САМО ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ: Десет европски велосипедистички патеки

Објавено во: Стил 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Возењето со велосипед на одмор-евтино, еколошко и популарно. Мрежата на велоспедски патеки е проширена по цела Европа.

Запознајте ги десетте омилени рути на Германците, кои ги пренесе Б92.

Рајна

Од изворот на Рајна во Швајцарија до теснецот во Северно море, преку Ротердам во Холандија, Патеката означена како  „EuroVelo 15“ е долга 1 230 километри и оди долж најпрометниот светски воден пат-ова е пристаништето во Келн.

Дунав

Патеката која велосипедистите во Германија најмногу ја користат. Долга е 2 850 км: од изворот на Дунав во германскиот Донаушинген води се до делта во романскиот град Тулче. На таа патека, која поминува низ осум земји е и главен град на Австрија, Виена.

Боденско езеро

Велосипедската патека Боденско езеро е една од трите најпопуларни во Европа. Долга е 260 км и поминува низ Германија, Австрија и Швајцарија. Урбаните знаменитости, како стариот дел на градот Констанца, ја надополнуваат убавината на природата.

Бреговите на Северното море

Патеката е долга речиси 6 000 км-оди од британските Шетландски острови до планина во Норвешка. На мрежата на Европското велосипедско здружение е означена со  „Eurovelo 12“.Германскиот дел од патеката во најголем дел оди преку насипи.

Адиџе

Оваа патека е долга 300 километри. Оди од Решен до Верона долж Адиџе. Најдолгата река на италијанскиот дел Јужен Тирол се влева во Јадранското море. Велосипедскиот пат е добро направен и во најголем дел оди паралелно со Виа Клаудиа Аугуста.

Атлантик-Црно Море

Патеката долга 4 500 км ретко кој ја преминува цела. Таа оди по долината на Лоара во Франција, се до Црното море во Романија. Источно-западната оска ги поврзува градовите Нант, Орлеан, Базел, Линк, Будимпешта, Београд и Букурешт.

Виа Клаудиа Аугуста

Од германскиот Донауверт па речиси до самата Венеција во Италија, по должина од 700 километри: Виа Клаудиа Аугуста е стар римски трговски пат кој води преку Алпите. Тој поминува покрај езерото Решен во Јужен Тирол каде од вода извира црковното ѕвоно на некогашната општина Алт Граун.

Ин

Од швајцарската Молоја до германскиот Пасауа, патеката е долга 530 км: додека за совладување на алпските висини се потребни силни листови, возењето станува полежерно во Баварија-ова е градчето Милдорф на Ина.

Драва


Од јужен Тирол кон Словенија, 336 километри. Патеката оди од изворите на Драва во Доломитима-најголемиот дел долж реката-се до Марибор. Наредната година велосипедската патека би требало да биде проширена до теснецот на Драва во Дунав во Хрватска.

Елба

Од планинскиот ланец Крконоше во Чешка до германскиот Куксхавен, долга 1 220 км: долж Елба, патеката поминува низ културната метропола Дрезден (на фотката) па преку Магдебург и Хамбург оди се до Северното море.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре