20 Април, 2024
0.0339

Самохрана мајка оставена на милост и немилост, извршители и ја блокирале цела плата

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Педесети едно годишна скопјанка, самохрана мајка на три деца,   останала без јунската  плата, откако извршители без најава и ги стопирале месечните примања поради неподмирен долг за кредит. Вели сега е оставена на милост и немилост. Незнае како ќе го помине месецот, а веќе на врата и тропа нова мака. Ќе и ја блокираат и јунската плата, а се таложат сметки и трошоци. Приватната фирма во која работела неколку месеци вели и доцнела со платата, па доцнело и подмирувањето на долгот за кредит.

“Два месеци ми доцнеше платата. Пред неколку дена ми беше префрлена јунската плата и кога отидов да ја подигнам, ме пречека шок. Сметката ми беше блокирана, средствата повлечени од извршител. Дури и тие 300-400 денари кои ми беа на сметка беа повлечени. Незнаев што да направам. Веднаш реагирав кај извршителот, но оттаму ми рекоа дека се било регуларно. А, имаат право само третина од платата да ја земат за заддршка поради неплатен долг. Сигурно не цела плата. Се прашувам како ќе живеам. Сега и јулската плата ќе стигне и таа ќе ми ја земат. Само да ја одблокирам сметката ќе треба да платам околу 4000 денари. Па потоа пак нова  блокада”- вели самохраната мајка.

Таа е дел од армијата граѓани кои секојдневно се соочуваат со вакви проблеми. Според неа нејасно е зошто не се почитува новиот Закон за извршување за  кој надлежните велеа дека носи поволности за доверителите, должниците и за извршителите, а пред се за ранливите категории граѓани.Во Законот се предвидува за неплатени  сметки извршителот да не смее да блокира без претходно да го извести граѓанинот дека постои некој долг и да побара од него да предложи начин на кој ќе се сервисира долгот. Таа не добила ниту предупредување за блокирањето.

Од друга страна вели дека на шалтерите по институциите  може да се слушне секаква мака. На едно семејство раскажува дека  извршители му ја блокирале социјалната помош, па размислува за брзо време да замине од земјава, во потрага по подобар животен стандард и платена работа со која ќе може да го подмири долгот.

“Јас ли сум крива што платата ми доцни со месеци. Банката не прашува како ќе се снајдеш, бара начин да си го наплати долгот. Земав потрошувачки кредит и поради доцнењето неможев да го подмирам долгот.  Минувам низ вистинска голгота. Имам три деца од кои две студенти. Сега се прашувам како ќе запишат нова студентска година. Едното дете мие во Канада и се труди да  ни помогне. Ама тешко е. Сега и јас земав виза и ќе одам да работам надвор. Чекам социјален број и ќе се трудам и децата да заминат со мене. Овде станува неиздржливо”- вели скопјанката која инсистираше да остане анонимна.

Таа пред десетина години го изгубила сопругот. Оттогаш вели е мајка и татко во домот. А, товарот е голем. Сметките  и трошоците се високи, платата мала. Дополнително и школување на децата, храна, облека. Се на нејзин грб.

“Очекувам да ги средам документите за да можам да обезбедам право на семејна пензија. Старосниот услов го исполнувам но сеуште имам проблеми да ги приберам докуметите за стаж на сопругот. Тешко е, секаде требаат пари. Жално е што и да добијам пензија, тие пари  неможат да ги покријат трошоците за нормален живот”- додава  жената.

Досега како што вели побарала помош од институциите, но одговор сеуште нема. Аплицирала за вработување преку програмата за самохрани родители преку јавното претпријатие “Македонски шуми”, но ја одбиле. Потоа побарала да и бидат отпишани долговите, но не успеала во намерата.

“Ме одбија мене со три деца, а им отпишаа долгови на луѓе кои имаат дуќани, куќи. Аплицирав и кога имаше оглас во Македонски шуми.Немаше одговор ниту од таму. Очекувам да се средат работите, знам дека неможе да биде преку ноќ. На мои 51 година се чувствувам како да имам 100. Секоја вечер легнувам и секое утро станувам со истата мисла, како да преживеам од денес за утре”- раскажува очајната жена.

Извршителите пак  со полни раце работа тријат раце. Во Македонија во првите девет месеци од 2016 година примиле 134.740 барања за извршување, реализирале 28,40 отсто или 38.266, а вкупниот износ на наплата од извршување е 75.715.471 евра, што е 2 милиони евра помалку од минатата година. Инаку, структурата на должниците, односно основите по кои се поведува извршувањето, е иста како претходните години. Најмногу предмети секоја година извршителите имаат за долгови по комунални сметки и режиски трошоци.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите