28 Март, 2024
0.0282

Самсунг зададе силен удар, како ќе одговори Епл?

Објавено во: Анализа 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Девизата на Стив Џобс беше слична како онаа на Хенри Форд, кој велел дека не му треба анкета во која ќе чуе што сакаат луѓето. На тој начин година за година Стив Џобс излегуваше со нови производи кои го променија светот и после кои истиот нема да биде повеќе ист. Брзината на таа промена е со страшно темпо, па веќе и кај нас скоро да не може да најдете човек кој купил нов мобилен телефон, а истиот да не е паметен (телефонот, не човекот). Сепак исто така треба да се знае и дека Џобс користеше идеи од многу постоечки производи и технологии кои ги надгради и усоврши. Нормално беше за очекување истите тие тактики да ги користи и неговата конкуренција. Додека сеуште беше жив ја паметиме неговата изјава дека ќе го потроши секој последен цент од кешот на Епл во битката со андроид. Мислеше дека андроид од него крадат, што веројатно и е точно, но треба да се признае дека и тој во некоја форма го правеше тоа во минатото. И знаејќи колку тешко се докажува на суд таа работа низ годиниве секој краде од секого. Како и да е, со текот на времето се појави во светот на мобилните телефони се појави и Самсунг кој за разлика од Епл кој си ја тераше својата филозофија на еден телефон, вадеше секакви телефони, со секакви екрани и за секого. Андроидот никогаш не успеа да го достигне питомиот изглед на IOS оперативниот систем, но со тек на време Галакси и тоа како му нанесе тежок удар на Ајфонот. Поголемиот екран и новата опција за давање команди со мафтање со рака. Сега веќе Ајфонот почнува да заостанува и не делува како премиум модел каков што сака Џобс секогаш сакал да биде. Згора на сето ова и веќе погребаниот Блекбери извади нов модел кој имаше сосема коректна промоција на пазарот пред некое време. Денеска сите се прашуваат што би направил Џобс. Дали би продолжил да си го тера неговиот филм или веќе би имал спремен одговор. Веројатно негов најголем страв е Епл да стане следач. Компанијата секогаш била лидер, нешто што Џобс не би посакувал е да биде следач. Времето ќе покаже која тактика ќе ја одбере Тим Кук, наследникот на Џобс и кралот на организацијата на работењето на Епл во логистички смисол. Како и обично се покажува дека ако си добар за една работа, не можеш да бидеш добар за сите. Така делува барем засега иако сеуште никој не може да го отпише Кук. Битката на пазарот на паметни телфони веројатно допрва ќе се разгорува. Ситуацијата денеска е таква да Самсунг драматично води (да не заборавиме дека Самсунг има повеќе модели, а Епл само еден), но крајот не дојден ни оддалеку. Да се надеваме дека најголем ќар од оваа битка ќе имаат корисниците. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот