29 Март, 2024
0.0255

Самсунг Добитник на 36 ЦЕС 2018 Награди за Иновации за Извонреден Дизајн и Инженерство

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd), глобален лидер во технологијата, денес објави дека 36 од нивните најнови продукти се добитници на Наградите за Иновација во рамки на CES® 2018“. Производите наградени во рамки на оваа престижна програма се почестени за извонреден дизајн и инженеринг во областа на најсовремената технологија за потрошувачка електроника во 28 категории на производи.

Производите на Самсунг освоија и две награди за Најдобра Иновација (Best of Innovation) во рамки на категориите Виртуелна и Изменета Реалност, Технологии за Носење, Видео Дисплеи, Апарати за Домаќинство, “Паметен“ дом. Дополнително, оваа година Самсунг за прв пат ја освои CES Наградата за Иновацииво категоријата Фитнес, Спорт и БиоТех за Гиар Спорт (Gear Sport), Гиар Фит2 Про (Gear Fit2 Pro)и Гиар АјконИкс (Gear IconX, 2018).

"Иновацијата е во нашата ДНК, како што е и нашата посветеност кон испорака на трансформациските производи кои создаваат значајни искуства за нашите потрошувачи. Да се биде препознаен и признат од страна на нашите врсници во индустријата, година за година, за нашата континуирана потрага по иновативен дизајн и инженерство претставува вистинска чест.” – изјави Тим Бакстер (Tim Baxter), Претседател и Извршен Директор, Самсунг Електроникс, Северна Америка.

ЦЕС Наградите за Иновација се спонзорирани од Асоцијацијата за Технологија за Широка Потрошувачка (Consumer Technology Association, CTA™), сопственик и организатор на CES. Голем број од производите препознаени од индустријата ќе бидат изложени во рамки на Саемот на Електроника за Широка Потрошувачка 2018 (CES 2018), кој ќе се одржи во периодот од 9. - 12. Јануари, 2018, во кабината на Самсунг (#15006) лоцирана во Централната Хала на Конвенцискиот Центар во Лас Вегас.

Дел од наградените производи на Самсунг:

Gear Fit2 Pro – Новите карактеристики на Гиар Фит2 Про комбинираат вградено GPS следење со ново континуирано следење на срцето и моќна “Under Armour“ апликација за да веродостојно го регистрира секое движење.Со водоотпорност од 5ATM, им дозволува на корисниците да го користат додека се во базен, додека врне, па дури и при туширањето по вежбање. За дополнителна удобност, Гиар Фит2 Про има тенок дизајн и мала тежина, како и екран во боја со висока резолуција кој ги олеснува надградбите, ажурирањето и ги прави лесни за читање известувањата, во реално време, додека сте во движење.

Gear Sport – Најновиот паметен часовник во портфолиото на уреди за носење на Самсунг, Гиар Спорт, е стилски спој на следење на фитнес активностите и “паметните“ способности на луѓето со активен животен стил.Овој паметен уред преку своите фумкции овозможува едноставен премин од една во друга средина – од работа до вежбање, карактеризирајќи се со водоотпорност (5ATM) и целодневно следење на фитнес активностите и потрошените калории. Со интегрираните паметни функции како Samsung Pay (NFC), IOT (Internet Of Things)контрола, па дури и офлајн репродукцијата на музика со Спотифај (Spotify), Гиар Спорт е подготвен сите предизвици кои може да се појават во денот.

Gear IconX (2018) – Новиот Гиар АјконИкс 2018 им овозможува на корисниците преку едноставен пристап да ја слушаат нивната омилена музика. Без разлика дали патуваат или се во теретана, овие моќни безжични слушалки им овозможуваат на корисниците да проследат музика преку Блутут во времетраење до 5 часа и да ги слушаат своите омилени песни од нивната MP3 плејлиста до 7 часа. Покрај брзото 10-минутно полнење кое овозможува еден час музичко уживање, корисниците може да ги користат слушалките како тракер за активности и за гласовни команди преку Samsung Bixby или Google Voice на својот телефон без да го држатво рака.

Samsung HMD Odyssey – Во партнерство со Мајкрософт, Самсунг ХМД Одисеј (Samsung HMD Odyssey) овозможува извонредно Windows Mixed Reality искуство. Со двоен 3.5-инчен AMOLED екран со висока дефиниција, опсег на гледање од 110 степени, AKG слушалки и активација преку гласовни команди, HMD Odyssey ги води потрошувачите кон целосно нови виртуелни граници.

Galaxy Note8 – Галакси Ноут8 се карактеризира со поголем 6.3-инченБесконечен (Infinity) дисплеј, што им овозможува на потрошувачите повеќе да гледаат притоа помалку разлистувајќи.Подобреното “С“ Пенкало1овозможува нови начини за пишување, цртање и интеракција со телефонот, како и комуникација со останатите, вклучувајќи и пишување “Screen off“ потсетници, креирање на “Live Message“- пораки во живо2и мултитаскинг во движење. Покрај тоа, овој уред ја има најдобрата Самсунг камера за паметни телефони која се карактеризира со две задни камери од 12MP и е првиот смартфон во светот со Оптичка Стабилизација на Фотографијата (Optical Image Stabilization - OIS) на широкоаголниот и на телефото објективите.

Galaxy S8 and S8+ - Галакси С8 и С8+ ги поместуваат границите на традиционалните паметни телефони и допринесуваат за наследството на Самсунг за создавање на прекрасни дизајни и функционални уреди. Галакси С8 (5.8 инчи) и Галакси С8+ (6.2 инчи) имаат Бесконечен (Infinity) дисплеј, дизајн без рамка, што допринесува за мазна, континуирана површина без копчиња и груби агли. Резултат на ова е вистински извонредно искуство во гледањето на содржини, без пречки, придонесувајќи за поудобно извршување на повеќе задачи истовремено.

49” CHG90 Gaming Monitor – Со сооднос на формат 32:9 и заоблен екран, овој извонреден, ултра-широк монитор целосно го внесува корисникот во играта, овозможувајќи гледање на различни содржини во кино стил. Мониторот CHG90 поддржува AMD Radeon FreeSync 2 технологија, за беспрекорно искуство при играњето со два пати поголема осетливост на осветленост и боја. Исто така, мониторот нуди и неверојатни визуелни елементи овозможени од технологијата за подобрување на сликата со висок динамички опсег (High Dynamic Range - HDR), која, кога е поврзана со QLED Quantum Dot технологијата на Самсунг, драматично го подобрува квалитетот на сликата со поостри бои и контрасти.

Samsung Connect Home Pro – Првиот паметен Wi-Fi систем во индустријата - Samsung Connect Home Pro ја комбинира технологијата за мрежно поврзување со SmartThings Hub, создава нови можности за корисниците за подобро поврзување на нивните уреди и едноставно управување со нивните домашни мрежи. Обезбедува врвен, оптимизиран Wi-Fi сигнал за домот, додека корисниците ја имаат моќта да управуваат со своите паметни уреди во домот од една, безбедна мрежа.

Samsung Chef Collection (4 Почесни Награди) – Со соединувањето на елегантниот дизајн и водечката технологија во индустријата, новата “ChefCollection“ линија на Самсунг ја претставува најиновативната и најпопуларната функција на апаратите за домаќинство во категоријата на премиум вградени уреди. Колекцијата “Chef“е рефлексија на аспирациите на новата генерација на најсовремени сопственици на куќи кои својата кујна, покрај простор за готвење, ја доживуваат и како софистициран одраз на тоа кои се тие. “Chef“ Колекцијата на Самсунг е наградена со четири 2018 CES Почесни Награди за Иновација за “Chef Collection 30” Pro Range“, “Chef Collection 30” Built-In Combi Oven“, “Chef Collection 36” Gas Cooktop“и“Chef Collection 30” Double Wall Oven“.

Samsung 16Gb GDDR6 Memory – Најбрзиот DRAM со најмала енергетска потрошувачка за новата генерација графички интензивни апликации. Тој процесира фотографии и видеа на 16Gbps со 64GB/s податоци во I/O опсег, што е еквивалентно на пренос на околу 12 full-HD DVD (односно 5GB податоци) во секунда. Новиот DRAM може да работи на 1.35 волти, овозможувајќи дополнителни предности над досегашната графичка меморија која користи 1.5V на само 8Gbps.

Samsung 8TB NGSFF NVMe SSD (PM983) - Првиот 8 терабајтен SSD уред драматично го подобрува капацитетот на зачувување на податоци и перформансите на 1U “rack“ серверите. Овој 64 8TB NGSF SSD уредможе да чита и пишува I/O податоциво феноменални 0.5петабајти за секунда. Со димензии од само 30.5mm x 110mm x 4.38mm, уредот исто така ја подобрува искористеноста на просторот и опциите за скалирање во хипер-скалирачките сервери за податоци.

Exynos 9 Series 9810 - Exynos 9 Series 9810 е најновиот водечки процесор на Самсунг, со трета генерација customCPU јадра, надграден GPU и гигабитен LTE модем со првата 6CA поддршка во индустријата. Изграден е од втора генерација на 10nm процесна технологија.

Samsung ISOCELL Slim 2X7 - Samsung ISOCELL Slim 2X7 е 24 мегапикселен сензор за фотографии со 0.9μm пиксели - најмалиот пиксел во индустријата, со Tetracell и технологија за пренос на податоци за стимулирање на поголем перформанс на пиксели.Малата пиксел големина од 0.9μm овозможува сензор за слика од 24Mp да се вгради во потенок модул на камера, овозможувајќи им на премиум паметните телефони да обезбедат камери со висока резолуција во многу тенок и елегантен дизајн.

Во споредба со “С“ Пенкалото кај Галакси Ноут5

2 Креираниот GIF формат може да не е поддржан од некои социјални медиуми и сервиси за комуникација, во зависност од големината и должината на материјалот во овој формат

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија