19 Април, 2024
0.0271

Самсунг Електроникс го обликува новиот нормален живот на ИФА 2017

Со фокус на занаетчиството, паметната поврзаност и стремежот невозможното да е дел од нивните нови производи и услуги, Самсунг планира да го обликува “новиот нормален“ живот

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го искористи своето присуство на саемот ИФА 2017 во Берлин за да ги прикаже најновите продукти и иновативна технологија кои ќе помогнат невозможното да стане утрешното “ново нормално“. За времетраење на прес конференцијата, одржана во Темподром во Берлин, Самсунг го нагласи својот фокус на занаетчиството и поврзаноста на своите продукти, заедно со партнерствата кои овозможуваат нивната технологија брзо да постави нови стандарди.

Иновацијата на Самсунг е инспирирана од потрошувачите и дизајнирана веднаш да направи разлика. Оваа иновација се базира на занаетчиство, паметна поврзаност и стремежот невозможното да биде дел од нашите производи.Како што улогата на технологијата во секој дел од нашите животи се зголемува, ние создаваме продукти и нудиме услуги кои се прилагодуваат на потрошувачите и ја претставуваат основата за она што станува нивното “ново нормално“ – изјави Дејвид Лоуис(David Lowes), Главен Директор за Маркетинг во Самсунг Електроникс Европа.

Нови Стандарди во Животниот Стил на Визуелните Дисплеи

Самсунг продолжува со својата револуционерност во индустријата со визуелни дисплеи на ИФА 2017, со претставувањето на новата, 43 инчна верзија на Рамката (“The Frame”)која за прв пат беше претставена оваа година. Претходно достапна во 55 и 65 инчни димензија,  дизајнерското ТВ искуство е идеално за дневната соба или другите простории во домот.

Самсунг стана партнер со водечките галерии и музеи како ЛУМАС (LUMAS), Саатчи Арт(Saatchi Art),иСедишн (Sedition) за понатамошно да ја нагласи Рамката (The Frame)како уред во домот кој е насочен кон уметноста. Самсунг исто така го најави и партнерството со Прадо (Prado) музејот, како и плановите да за здобивање со околу 1.000 познати уметнички дела во кои корисниците ќе може да уживаат во “Аrt“ продавницата на Рамката во блиска иднина. Корисниците ќе може да одберат од проширениот избор на уметност, користејќи го максимумот од нивниот ТВ, дури и кога истиот не се користи.

Покрај “Art“ Продавницата, Самсунг Колекцијата на специјално одбрани уметнички парчиња и “Моја колекција “ (My Collection) функцијата, која дозволува корисниците да ги проектираат своите сопствени слики на екранот, им овозможува на корисниците уште повеќе опции за визуелно обликување на нивниот простор, без разлика на местоположбата на Рамката во нивниот дом.

Заедно со Рамката, Самсунг ги презентираше своите планови за проширувањето на QLED TV линијата во Европа, земајќи го в предвид континуираниот пораст на лидерството во рамки на пазарот за премиум ТВ уреди. Моделот Q8F, рамна верзија од заоблениот Q8C модел, ќе биде претставен во Европа во две димензии – од 55 и од 65 инчи. Овој модел ќе биде дел од најголемата ТВ линија во Европа која се состои од 14 “full QLED“телевизори, заоблени и рамни модели, до димензии од 49 инчи па се до ултра големи модели од 88 инчи.За дополнително проширување на својата премиум линија на QLED телевизори, Самсунг стапи во партнерство со Панасоник и Компанијата “20th Century Fox“ за да ја прошири својата HDR 10+ технологија. Во предстојните месеци Самсунг ќе продолжи да ги проширува своите партнерства кои ќе вклучуваат Студија од Холивуд, провајдери на содржини и развивачи на игри.

Самсунг исто така го претстави најголемиот QLED гејминг монитор во светот –CHG90 моделот, со димензија 49 инчии 178 степени ултра-широк агол на гледање. Моделот CHG90 нуди целосен и извонреден поглед на играњето, проширувајќи ги визуелните можности на гејминг мониторите без притоа да се жртвува брзината.

Занаетчиството за значајни иновации во апаратите за домаќинство

Новите апарати за домаќинство на Самсунг кои беа претставени на ИФА 2017 се дизајнирани со единствена цел: да направат значајна разлика во животите на луѓето со брилијантни иновации на кои тие може да се потпрат.

На пример, потребата за дизајн околу реалните животни проблеми беше прикажана со претставувањето на новата машина за перење алишта на Самсунг со QuickDrive™технологија. Оваа Самсунг QuickDrive™технологија го намалува времето за перење на пола и искористената енергија за 20%*, овозможувајќи им на корисниците решение за заштеда на времето, без компромис во перформансите на машината. Нејзиниот уникатен Q-DrumTM се состои од голем главен барабан и плоча во задниот дел кои ротираат независно. За разлика од конвенционалните машини кои постојано наизменично ги движат алиштата нагоре и надоле во текот на циклусот на перење, QuickDrive™ ги движи алиштата од горниот кон долниот дел на барабанот, но со дополнителна димензија. Плочата во задниот дел на барабанот воведува движење напред и назад, создавајќи динамично дејство водено од двојни сили кои брзо и нежно ја отстрануваат нечистотијата за да обезбедат интензивен и целосен циклус на перење.

Самсунг го претстави иновативниот концепт наречен AddWashTM на ИФА во 2015 година, кој им дозволува на корисниците на машините за перење да додаваат алишта за време на активен циклус на перење. QuickDrive™ја извишува иновацијата еден чекор повисоко, овозможувајќи ново ниво на практичност и перформанси. Ова е видот на технологија за која Самсунг вели дека ќе претставува “нова нормална“ технологија без која наскоро не ќе можеме да живееме.

Паметна Поврзаност за Живот во Движење

Новото “нормално“ во технологијата на уреди за носење не е само тракер за активности кои ги брои вашите чекори – станува збор за подобрена поврзаност со цел да се обезбеди целосен менаџер за добросостојба и правење на нашите животи поздрави. На ИФА 2017 Самсунг претстави три нови уреди за носење.

Разновидниот “паметен“ часовник, Гиар Спорт (Gear Sport), ја зема в предвид функционалноста која корисниците ја посакуваат од денешните фитнес геџети. Тој е преполн со карактеристики за луѓе кои не гледаат граници помеѓу нивниот живот и нивната добросостојба. Вкчучува и вграден GPS, функции за траекторија на трчање и следење на исхраната.

Со фокус на поврзаноста, постојано растечкиот поврзан екосистем исто така допринесува за потребата за повеќе контрола. Гиар Спорт може да ги контролира уредите на Самсунг кои поддржуваат ИоТ, да се однесува како далечински уред за презентации или за Самсунг Гиар ВР (Samsung Gear VR), и да плаќа преку Самсунг Пеј (Samsung Pay) (само за NFC).

Самсунг исто така го лансираше и Гиар Фит2 Про (Gear Fit2 Pro) – напредна GPS фитнес алка. Се одликува со прекрасно закривен 1.5 инчен Super AMOLED дисплеј и може да следи различни активности – на копно и во вода. За новите можности за следењето на пливањето, Самсунг склучи партнерство со Спидо (Speedo) за да ја создадат Спидо Он (Speedo On), првата Спидо апликација за уреди за носење која точно ги следи вежбите во базен. Со помош на 5АТМ сертифицираните Фиар Спорт и Фиар Фит2 Про со Спидо апликација може да се мерат замавите или круговите во текот на пливањето, па се до каков вид на замав корисниикот прави во моментот.


Преку партнерството со Спорифај (Spotify), Самсунг им овозможува на корисниците пристап до музика дури и кога тие се офлајн или нивните мобилни телефони се оставени дома. Соработката со АндерАрмор (UnderArmour) овозможува пакет на кориснички апликации. Безжичните слушалки “Gear IconX 2018“ја комплетираат линиата на уреди за носење која ја лансираше Самсунг на ИФА саемот оваа година.

Водење на Стандардизација на ИоТ Технологиите; Конвергенција со ХАРМАН

Самсунг ја водеше стандардизацијата на глобалните ИоТ технологии како дијамантски член на “Open Connectivity“ Фондацијата (OCF). Компанијата Самсунг е прва во индустријата која се стекна со “OCF“ сертификација на нивните паметни телевизори, “Family Hub“фрижидерите и клима уредите, и има намера да ја прошири својата сертификација на сите свои уреди за домаќинство во текот на годината.

Сертификацијата“OCF“ овозможува отворена компитабилност помеѓу разчлични продукти од компаниите членови. Покрај Самсугн, повеќе од 390 компании се имаат приклучено на OCF, со 20 билиони ИоТ продукти кои ќе бидат синхронизирани со “OCF“ стандардот во наредните три години.

Актуелното партнерство помеѓу Самсунг и ХАРМАН исто така ја зајакнува сликата за новото “нормално“. По шестмесечното партнерство, Самсунг во моментов е глобален лидер во поврзаната автомобилска технологија, со повеќе од 50 милиони автомобили на патиштата ширум светот овозможени од ХАРМАН и Самсунг технологијата.


Партнерството е фокусирано на креирање аудио и видео искуства кои до неодамна се сметаа за невозможни. На пример, новиот HDR LED екран на Самсунг наменет за кината е со дијагонала поголема од 10 метри и овозможува ненадминат квалитет на сликата, а е оживеан со помош на аудио технологијата на ХАРМАН Профешнал Солушнс (HARMAN Professional Solutions), заедно со аудио лабараторијата на Самсунг - Samsung AudioLab. Моќната комбинацја на Самсунг и ХАРМАН цели кон повторно откривање на мобилноста и забавата, претставувајќи го новото и правејќи го нормално.

Штандот на Самсунг Електроникс се наоѓа на Ниво 2 во “City Cube“ во Берлин и ќе биде отворен од 1. до 6. Септември во времетраење на саемот ИФА 2017.

*Тестирано на WW8800M во споредба со Samsung WW8500K. Заштедува 50%од времето на програма за Памук (40℃, половина полна) и eПамук циклус со перформанса на перење во рамки на ±2%. Заштедува 20% енергија на програма за Памук (40℃, половина полна) и програма Super Speed cycle (40℃, 5kg алишта), базирано на“Intertek“податоци.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ