23 Април, 2024
0.0290

Самсунг Електроникс направи историски успех

Објавено во: Стил 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс проценува дека во вториот квартал остварил раст на добивка од 72 отсто на годишно ниво.

Такви резултати дошле благодарение на силното зголемување на пазарот со мемориски чипови и паметни телефони, соопшти таа компанија.

Јужнокорејскиот технолошки гигант, според прелиминарна проценка, остварил во период април-јуни оперативна добивка од 12,1 милијарда долари .

Овој резултат би го направил Самсунг попрофитабилен во набљудуваниот период од американскиот ривал, чија добивка според консензус на аналитичарите достигнала 10,6 милијарди долари во второто тромесечие.

Исто така бил најголем квартален профит Самсунг Електроникс некогаш, далеку поголем од досегашните рекордни добивки од 10,1 милијарди вони од третиот квартал на 2013 година.

Аналитичарите веруваат дека Самсунг во оваа година за прв пат во историјата ќе избие на чело на листата глобални ИТ компании по висина на добивката од бизнисот, потиснувајќи ги од врвот на листата Интел и Епл.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган