29 Март, 2024
0.0246

Паметен таблет со префинет дизајн, долготрајна батерија и нови партнерски содржини

Самсунг го претстави новиот Самсунг Галакси Таб А – 8-инчен таблет дизајниран за секојдневните потреби на целото семејство

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)денес ја најави новата дополна на Галакси Таб портфолиото – 8-инчниот Галакси Таб А (Galaxy Tab A)секојдневен таблет со широка палета на примена дизајниран за целото семејство. Галакси Таб А се базира на наследниот дизајн на Галакси кој се карактеризира со рафиниран изглед и чувство, метално тело и заоблени рабови што го прави новиот таблет удобен за држење и користење. Таблетот има долготрајна батерија, прекрасен екран кој одлично изгледа без разлика на осветлувањето и зголемена меморија со повеќе место за сочувување на податоците. 

"Во Самсунг продолжуваме да работиме кон значајни иновации кои ги задоволуваат нашите клиенти, во пресрет на нивните уникатни потреби. Галакси Таб А е дизајниран и за децата и за родителите. Едноставно можете да го понесете со себе каде и да одите, да го користите дури и лежејќи на вашиот кауч, а неговата долготрајна батерија ќе ви овозможи целодневно користење од страна на целото семејство.” - изјави Сангсук Рох (Sangsuk Roh), Потпретседател на Стратегија за Таблет Продукти, Бизнис за Мобилни Комуникации во Самсунг Електроникс.


Подобрени перформанси за непречена забава

Со цел подобрување на секојдневната употребливост и перформанси, Галакси Таб А е поремен со светол извондреден дисплеј за гледање на вашите омилени ТВ содржини, играње игри или прелистување на интернет на екранот кој изгледа добро дури и изложен на силна сончева светлина. Исто така, новиот таблет има и опционален филтер за сино светло за да ја балансира осветленоста и да го намали заморувањето на очите, со што се олеснува гледањето на содржини навечер и при пригушено осветлување.

Долготрајната батерија (5,000mAh) на Галакси Таб А им овозможува на корисниците да гледаат филмови, да играат игри, да испраќаат мејлови и многу други работи, сѐ со само едно полнење на батеријатачија издржливост при активно користење е и до 14 часа.[1]Со 16GB вградена меморија и проширена меморија (до 256GB[2]) за дополнителни фајлови, Галакси Таб А им овозможува на корисниците да складираат повеќе апликации и содржини, без разлика на тоа дали се во домот или во движење.


Практични функции за Целото Семејство

Секојдневниот семеен живот може да стане бурен, а Галакси Таб А се стреми да овозможи поволности со новиот “Home“ режим, со кој може да се конфигурира прикажување на содржини на максимум три екрани, овозможувајќи брз приказ на информации како време, семеен календар, временска прогноза или фотографии, дури и кога уредот се полни. Секој член на семејството може да има сопствено најавување со “Мulty User“ режимот за безбедно да ги зачува своите омилени поставки и апликации. Со Родителска Контрола, родителите може да постават лимит на употреба и да ги прилагодат достапните содржини за да креираат забавна и безбедна средина за помладите корисници. Исто така, корисниците може едноставно да ги гледаат своите омилени апликации и содржини на персонализираните “Bixby[3] Home“екрани.

Галакси Таб А фотографира одлични фотографии дури и при услови на слаба осветленост со подобрената предна камера од 5MP F2.2 и задна камера од 8MP F1.9, како и новиот блиц за појасни и посветли фотографии. Не пропуштајте ниту еден момент со подобрениот и интуитивен интерфејс на камерата, кој ќе овозможи на полесен начин да направите одлични фотографии без разлика на аголот и да преминете од режим на фотоапарат кон крежим на камера брзо и едноставно. 


Повеќе содржини за забава на целото семејство

Креиран за целото семејство, Галакси Таб А пристигнува со експанзивна понуда на забавни содржини и содржини за деца:

·  Режимот за деца вклучува возбудливи игри, видеа и содржини од партнерите на Самсунг, вклучувајќи 5.000 видеа и игри од ЛЕГО Групацијата (LEGO Group) како и апликација “LEGO® Life“ со социјална мрежа со ексклузивни налепници. Галакси Таб А исто така пристигнува со нова апликација за блок кодирање наречена “Crocro Adventure“; со оваа апликација децата ќе може да учат за блок кодирањето и програмирањето преку забавни игри вежбајќи го логичното мислење и тренирајќи вредни вештини. Детскиот режим исто така вклучува и “Value Pack“ опции преку кои корисниците може да ги симнат популарните апликации како “LEGO® Batman: Beyond Gotham“, “LEGO® Ninjago: Shadow of Ronin“,“Toca Hair Salon 3“и“BRIO World – Railway at no cost“.[4]

·  Оптимизиран за играње игри со “Game Launcher“, Галакси Таб А обезбедува подобрен кориснички интерфејс и персонализирано гејмерско искуство со повеќе алатки, како и  режим за превенција на повици и нотификации, со што корисниците може да се фокусираат на своите игри без да бидат прекинати.

·  Галакси Таб А овозможува забава за сите со тримесечната “YouTube Red“бесплатна пробна верзија и нејзино купување[5]. “YouTube Red“ овозможува непрекинато гледачко искуство без реклами, офлајн режим за гледање и симнување на видеа и пристап до ексклузивни содржини како “YouTube Red“ оригинални филмови и серии.

Новиот Галакси Таб А ќе биде достапен на одредени пазари, а потрошувачите ќе може да одберат од моделите со Wi-Fi или LTE во црна, сребрена и златна боја. За повеќе информации за Галакси Таб А (8.0’’), посетете ги странитеhttp://www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy or www.samsung.com.



[1]Новиот Галакси Таб А (8.0”) овозможува подолго емитување на видео содржини и активно користење до 14 часа, и е опремен со батерија од 5,000 mAh, во споредба со Таб А (2015, 8.0”) чија батерија од 4,200 mAh е со издржливост од е до 12 часа.

[2] MicroSDкартичката се продава одделно.

[3] Моментално не поддржува Bixby Voice иBixby Vision. Bixby можностите може да варираат во зависност од пазарот.

[4] Осум апликации, со проценета вредност од приближно 28$ (САД)ќе бидат достапни. Апликациите достапни преку “Value Pack може да варираат во зависност од државата.

[5] YouTube Red е платен стриминг претплатнички сервис, моментално достапен во САД, Австралија, Мексико, Нов Зеланд и Кореа.


Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца