25 Април, 2024
0.0272

Самсунг и Амазон Прајм Видео први со HDR10+ содржина

Прајм Видео (Prime Video) е првата стриминг услуга која имплементира HDR10+, сега веќе достапна на целата Samsung 2017 UHD TV линија

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс(Samsung Electronics Co., Ltd.) и Амазон Прајм Видео (Amazon Prime Video) денес најавија дека целосната Прајм Видео HDR библиотека е сега достапна во HDR10+, нов отворен стандард кој ги комбинира динамичните мета-податоци за да создаде подобрен контраст и бои на проширениот асортиман на телевизори. Каталогот “Prime Video HDR10+“ вклучува содржина во времетраење од стотици часови како Прајм оригинали (Prime Originals):“The Grand Tour, “The Marvelous Mrs. Maisel, “Jean-Claude Van Johnson, “The Tickи“The Man in the High Castle“, како и уште стотина лиценцирани наслови. “Prime Video“е првиот стриминг провајдер кој обезбедува HDR10+ содржина на своите корисници, а HDR10+ е достапен на целосната Samsung 2017 UHD TV линија – вклучувајќи ги и премиум QLED TV моделите.

Возбудени сме што можеме да ја најавиме HDR10+ содржината за нашите корисници. Нејзиното лансирање ја одбележува првата можност за потрошувачите и индустријата да ја искусат HDR10+ технологијата преку стриминг услуга.– изјави Санг Јун Ким (Sang Yoon Kim), Потпретседател на Секторот за Развој на Бизнис со Паметни ТВ уреди во Самсунг Електроникс Америка.

Технологијата HDR10+ на “Prime Video“ вклучува динамички мета-податоци кои овозможуваат прилагодување на нивоата на осветленост при премин од сцена во сцена, па дури и од еден во друг фрејм (frame), кај телевизорите со висок динамички опсег (HDR). Со примена на индивидуализирано мапирање на тонови на секоја сцена, HDR10+ обезбедува неверојатно искуство при гледањето на содржини на следната генерација на Самсунг дисплеи. Квалитетот на сликата овозможува подобрено визуелно доживување со подетални изрази, подефинирани и посјајни предели со сенки и попрецизно пренесување на бои кои остануваат верни на оригиналната намера на креаторот на содржината. Преку користење на прецизните водичи за мапирање на тонови базирани на “Bezier”, Амазон може да испорача оптимално доживување при гледањето низ различни ТВ модели.

Посветени сме да им понудиме на “Prime Video“ членовите најдобро можно доживување при гледањет, и навистина сме возбудени што нашите членови ширум светот ќе ги доживеат нашите содржини во HDR10+. Доживувањето при гледањето на HDR10+ во комбинација со наградуваните содржини на “Prime Video” е воведување на нова ера на забава за потрошувачите на овие уреди.” – изјави Грег Харт(Greg Hart), Потпретседател на “Prime Video“.

Лансирањето на HDR10+ на Prime Video заедно со логото наHDR10+ и сертифицираното партнерство формирано претходно оваа година од страна на компаниитеСамсунг, “20th Century Fox“и “Panasonic“е демонстрација на усвојувањето и растот на HDR10+ како и растечката посветеност кон испораката на премиум HDR искуство. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка