28 Март, 2024
0.0267

Самсунг ја зголеми мобилноста за глобалната работна сила со збогатениот Галакси Таб Актив2 – подобрениот таблет оптимизиран за деловна употреба

Креиран со најновите иновативни функции, Самсунг Галакси Таб Актив2 овозможува бизнис дизајн со подобрена деловна функционалност и вградена издржливост за индустриски средини

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)денес го претстави Галакси Таб Актив2 (Galaxy Tab Active2)новиот извонреден бизнис таблет со дизајн ориентиран кон потребите на потрошувачот, со најнови иновации од Самсунг инспирирани од професионалците. Галакси Таб Актив2 помага во забрзувањето на дигиталната трансформација на индустриите помеќу клучните вертикали како што се транспортот, јавната безбедност и производството, нудејќи поширок спектар на функции како што се интеграција на биометрика, екрани со повеќе прозорци и карактеристики на С пенкалото (S Pen)кои функционираат во екстремни работни услови, со крајна цел подобрување на работната продуктивност и флексибилност.


"Самсунг Галакси Таб Актив2 е изграден врз основа на детални информации од искуството на клиентите и партнерите и е внимателно развиен за да создаде сосема нова категорија таблети за глобалната работна сила. Стратешки работевме за да креираме поширок партнерски екосистем за зголемена функционалност преку соработка со водечки компании во индустријата, како “IBM“, “ECOM Instruments“, “Gamber-Johnson“, “Ram®Mounts“, “iKey“, “Otterbox“ и “Koamtac“. Заедно со “IBM Maximo” возбудени сме за прв пат да ги доближиме водечките функции за управување во индустријата до Самсунг, се со цел поедноставување на секојдневниот живот на теренските работници.” - изјави Сук-Џеа Хахн (Suk-Jea Hahn), Извршен Потпретседател на Тимот на Самсунг Електроникс за Глобална Мобилна Технологија за Бизнис Корисници.


Креирање на Партнерски Екосистем со Лидерите во Индустријата

Самсунг Мобајл (Samsung Mobile) го прифати отворениот пристап со партнери со цел проширување на искуството за Галакси Таб Актив2, вклучувајќи работа со “IBM Maximo“за да ги интегрира можностите за Управување со асети (Asset Management) и Управување со Работата (Work Management). Со комбинирање на напредните способности на “IBM“ со карактеристиките на уредот, како што се интеграција на биометрика, екрани со повеќе прозорци и можностите кои ги нуди С Пенкалото, задачите како инспекција и одржување на опремата ќе бидат полесни и поефикасни за работниците, без оглед на сложеноста на средината во која тие работат.

 “Со оваа соработка, “IBM Maximo“ и Одделот за Мобилна Технологија за Бизнис Корисници на Самсунг ги решаваат постојано менливите деловни барања за индустријализирани мобилни уреди и ги зајакнуваат теренските техничари со нови алатки дизајнирани за работа без разлика на локацијата и начинот на работа. Корисниците ќе можат да спроведат важна анализа на премиси, да ажурираат работни налози или да бројат инвентарни ставки, во интуитивен, пријателски интерфејс на издржлив и сигурен уред.“ – изјави Санџеј Брахмавар(Sanjay Brahmawar), Генерален Менаџер, Оддел за ИоТ Продажби (IoT Sales), ИБМ Вотсон(IBM Watson).

Дополнително, Галакси Таб Актив2 има професионални опции за монтирање на возила за комерцијални флоти и спроведување на законот овозможено преку партнерства “Gamber-Johnson“ и “Ram®Mounts“. Преку останатите соработки овозможени се нови функции како заштита од експлозија за нафтената, гасната, фармацефтската и хемиската индустрија со поддршка од “ECOM Instruments“; преносливо бар-код скенирање поддржано од “Koamtac“, ленти за раце од “Otterbox“ и издржливи возила и преносни тастатури од “iKey“.

Иновација Инспирирана од Потрошувачите

Самсунг Галакси Таб Актив2 е сертифициран со “MIL-STD-810“, обезбедувајќи доволна издржливост на таблетот за преживување на прекумерен притисок, температури, различни средини и вибрации. Таблетот има одлични деловни карактеристики како заштитна обвивка која го намалува шокот на уредот од пад од височина од 1.2 m, IP68отпорност на вода и прашина и подобрена осетливост на допир, дури и кога рацете ви се влажни или носите ракавици. Овие карактеристики овозможуваат поголема трајност во екстремни средини со едноставен дизајн и интерфејс за ракување со една рака.

Најнови Иновации за Теренските Работници

Тенкиот и лесен таблет во класа дизајнирана специјално за ергономијата на работниците, најновиот таблет на Самсунг има функции кои ги прошируваат алатките за продуктивност за оние кои работат, вклучувајќи го и новото, напредно и популарно С пенкало кое има прецизни опции за внесување со ниво на притисок - 4.096 и опција за воздушна команда. С пенкалото исто така е IP68 отпорно на вода и прашина и може да се користи во надворешна средина, дури и при услови на дожд и зголемена влажност.

Користејќи ја подобрената предна камера од 5 мегапиксели и задната камера од 8 мегапиксели со автофокус, деловните корисници ќе искусат фотографии со подобрен квалитет за работни цели  како ИД картички и скенирање на пасоши. Новиот скенер за отпечатоци овозможува подобрена безбедносна проверка, а функцијата за препознавање на лицето е пригодна опција за отклучување на уредот со користење само на едната рака. Кога ќе се поврзе со нови жироскопи и геомагнетски сензори, вработените ќе може да ги користат широкиот спектар на опции за изменета реалност (AR). Изменетата реалност со Галакси Таб Актив2 сега може да се користи и за обука на вработените и искуство со поддршка на потрошувачи, овозможувајќи им на компаниите да ги обучуваат вработените во реална средина пред да стигнат до работното место. Исто така, овозможена е и NFC функцијата.

Уредот исто така поддржува LTE конекција, едноставно полнење со ефикасна контрола на батериите на повеќе уреди и дополнителни пинови за сигнал за податоци со опција за поврзување на тастатура.

Безбедност и Менаџирање на Бизнис Побарувачката

Самсунг Галакси Таб Актив2 им овозможува на компаниите подобрени опции за безбедност, поддржани од Knox платформата од одбранбен ранг и биометриска проверка, вклучувајќи и нов скенер за отпечатоци од прсти, кој овозможува подобрена безбедносна проверка и препознавање на лице за едноставен пристап без користење на рацете.

Самсунг Галакси Таб Актив2 ќе биде достапен на одредени пазари од Октомври, 2017. За повеќе информации за Галакси ТабАктив2 посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com, http://news.samsung.com/galaxyилиwww.samsung.com/galaxy.

*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други податоци за производот од овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот, се подложни на промени, без претходна најава или обврска.


Можеби ќе ве интересира

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy